Донации

Корпоративната општествената одговорност претставува составен дел од работата на „Витаминка“, интегрирана во нејзиното секојдневно бизнис работење и плановите за развој. Политиката на општествена одговорност се применува во сите сфери на делување на компанијата. Таа е длабоко навлезена во корпоративната организациска култура со години.
„Витаминка“ постои и успешно работи шест децении. Секоја година претставува предизвик за поголеми успеси, за подобрување на работните процеси, условите за работа на вработените, не заборавајќи ги притоа животната средина и општеството каде припаѓа.
Основните области на кои ги концентрира активностите се:

  • Квалитетни односи со потрошувачите и снабдувачите;
  • Безбедност и здравје при работа;
  • Животна средина и вложување во заедницата и
  • Интересите на вработените и акционерите.

Во работењето доследно се почитува Кодексот на деловно однесување и облекување.

Потрошувачи и снабдувачи 

Нашите потрошувачи ги обезбедуваме со квалитетни, високо развиени и тестирани производи што ги исполниваат светските стандарди. Ние постојано ги истражуваме пазарите и барањата на потрошувачите, обидувајќи се да одиме во чекор со нивните желби и вкусови. Постојано комуницираме и со снабдувачите, со цел да ги зацврстиме односите со нив и да го подобриме секој сегмент од работењето.

Односи со вработените

Вработените претставуваат главен ресурс и двигател на работењето на „Витаминка“. Ние знаеме дека обучените работници и нивната компетентност носат резултати за компанијата. Родовата, етничката и старосната структура на вработените во „Витаминка“ укажуваат на тоа дека компанијата не прави дискриминација на вработените по ниту една основа. Ние ги мотивираме, едуцираме и обучуваме нашите вработени, грижејќи се за нивното здравје и безбедноста на работното место. Преземаме и други активности за вработените:

  • Парична помош на вработените;
  • Отпремнина при заминувањето во пензија;
  • Награди за резултати во работењето;
  • Парична помош за блиските во случај на смрт;
  • Санитарни и периодични прегледи;
  • Новогодишна заедничка вечера;
  • Честитање на родендени на вработените со роденденска честитка;
  • Избор на работник на месецот;
  • Новогодишни подароци;
  • Постојани обуки;
  • Едукација на вработените.

Ние постојано ги подобруваме условите за работа. Постојано се грижиме за зачувување на брендот „Витаминка“ што асоцира на квалитет и достапна цена.

Заедница

Со години „Витаминка“ финансиски помага многу спортски клубови, училишта, цркви, манастири, болници, факултети и други правни и физички лица, особено на оние поединци на кои им е неопходна некаква итна финансиска помош.
„Витаминка“ е поддржувач на македонскиот спорт, особено на ракометот, кошарката, фудбалот и автомобилизмот.
„Витаминка“ стипендира студенти на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, кои редовно добиваат месечен надомест за покривање на трошоците за живот и школување.
„Витаминка“ активно ја поддржува и културата, финансиски помагајќи одржување на многу манифестации, концерти, ликовни колонии и слично.
Во текот на изминатите години, имаме соработувано со:
Стопанската комора на Македонија;
Американската стопанска комора AmCham;
Руската стопанска комора;
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје;
Универзитетот „Свети Климент Одридски“, Битола;
Универзитетот Фон, Скопје;
Американ Колеџ, Скопје;
Македонската кошаркарска федерација;
Македонската ракометна федерација;
Фестивалот „Охридско лето“, Охрид;
Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Прилеп;
Светска банка,
УНИЦЕФ и многу други.
Негувањето сериозен пристап кон животната средина е од особена важност за „Витаминка“. Друштвото постојано се грижи за зачувување на животната средина, управувајќи со отпадот од пакувањата на производите. „Витаминка“е еден од основачите на „Пакомак“ ДОО, Скопје и со тоа е и овластен корисник на ознаката “Green Dot”. Сите аспекти поврзани со животната средина се контролираат на редовна основа.

Акционери

Нашето бизнис работење се заснова на етичност, транспарентност и точност во информирањето. Редовно комуницираме со акционерите и со јавноста информирајќи ги вистинито и непристрасно. „Витаминка“ се грижи за зголемување на вредноста на акциите и за редовна исплата на дивиденда, а преку добро бизнис планирање, пораст на пазарниот удел, правилно инвестирање во производствените капацитети, истражување и контрола на квалитетот на производите и преку раст на профитот.
Како друштво со посебни обврски за известување согласно закон, доследно и принципиелно проследуваме информации и разни документи поврзани со работењето.
Како компанија која шест децении се развива на овие простори, но и амбициозно граби кон светските пазари, „Витаминка“ е насочена кон континуиран развој, исполнувајќи ги мисијата и визијата на најпрофесионален начин.