

















Светот на Витаминка е свет на различни вкусови и бои со цела палета производи што претставуваат незаменлив дел од прехранбената индустрија на Македонија, како и од секојдневниот живот на македонските граѓани. Најчесто поврзуваните поими со Витаминка брендовите се висок стандард на квалитет, безбедна храна, долга традиција, сигурност и иновативност. Постои силна емотивна врска меѓу потрошувачите и брендовите на компанијата, нешто што е особено воочливо кога се работи за најпопуларниот производ Стоби флипс. Од 2018 дел од семејството на Витаминка е едно од најквалитетните масла за јадење – Брилијант, чиј состав, технологија и начин на производство, како и амбалажа го гарантираат негов висок квалитет. Како неизоставен дел од секоја трпеза е и деликатесниот мајонез Витанез, чии внимателно одбрани, домашни и висококвалитетни состојки се тајната на неговиот вкус.

Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар
Стоби Флипс во категорија флипсови и Брилијант во категорија сончогледово масло се најпознатите брендови меѓу македонските потрошувачи во годинешното истражување „Најпознати брендови според потрошувачите 2021-ва”. Според истражувањето Стоби флипс на Витаминка, го има највисокото учество кај потрошувачите во споредба со сите останати брендови во оваа категорија и предводи со 80% препознатливост, а во категоријата сончогледово … Повеќе
Повеќе
Атлантис на Витаминка повторно розов со цел зголемување на свесноста за рак на дојка
(Прилеп, 08.10.2021) – Чоколадните морски школки Атлантис добија розова едиција која е достапна во сите продажни објекти и дел од средствата на продадените количини ќе биде наменет за лицата со рак на дојка. На овој начин компанијата Витаминка повторно активно се вклучува во поддршката на активностите на Здружението Борка за зголемување на свеста за овој … Повеќе
Повеќе
Брилијант маслинови масла
Семејството на Брилијант е збогатено со новите маслинови масла: Extra virgin, Virgin, Помас и масло за салата. Без оглед на тоа каков оброк припремате, Брилијант маслата се тука за да направат уште повкусен. Кои се главните карактеристики на овие масла, што ги прават одличен избор за секое јадење? Брилијант extra virgin – ладно цедено маслиново … Повеќе
Повеќе