Донации
Корпоративната општествената одговорност претставува составен дел од работата на „Витаминка“, интегрирана во нејзиното секојдневно бизнис работење и плановите за развој. Политиката на општествена одговорност се применува во сите сфери на делување на компанијата. Таа е длабоко навлезена во корпоративната организациска култура со години.
„Витаминка“ постои и успешно работи шест децении. Секоја година претставува предизвик за поголеми успеси, за подобрување на работните процеси, условите за работа на вработените, не заборавајќи ги притоа животната средина и општеството каде припаѓа.
Основните области на кои ги концентрира активностите се:
- Квалитетни односи со потрошувачите и снабдувачите;
- Безбедност и здравје при работа;
- Животна средина и вложување во заедницата и
- Интересите на вработените и акционерите.
Во работењето доследно се почитува Кодексот на деловно однесување и облекување.
Потрошувачи и снабдувачи
Нашите потрошувачи ги обезбедуваме со квалитетни, високо развиени и тестирани производи што ги исполниваат светските стандарди. Ние постојано ги истражуваме пазарите и барањата на потрошувачите, обидувајќи се да одиме во чекор со нивните желби и вкусови. Постојано комуницираме и со снабдувачите, со цел да ги зацврстиме односите со нив и да го подобриме секој сегмент од работењето.
Односи со вработените
Вработените претставуваат главен ресурс и двигател на работењето на „Витаминка“. Ние знаеме дека обучените работници и нивната компетентност носат резултати за компанијата. Родовата, етничката и старосната структура на вработените во „Витаминка“ укажуваат на тоа дека компанијата не прави дискриминација на вработените по ниту една основа. Ние ги мотивираме, едуцираме и обучуваме нашите вработени, грижејќи се за нивното здравје и безбедноста на работното место. Преземаме и други активности за вработените:
- Парична помош на вработените;
- Отпремнина при заминувањето во пензија;
- Награди за резултати во работењето;
- Парична помош за блиските во случај на смрт;
- Санитарни и периодични прегледи;
- Новогодишна заедничка вечера;
- Честитање на родендени на вработените со роденденска честитка;
- Избор на работник на месецот;
- Новогодишни подароци;
- Постојани обуки;
- Едукација на вработените.
Ние постојано ги подобруваме условите за работа. Постојано се грижиме за зачувување на брендот „Витаминка“ што асоцира на квалитет и достапна цена.
Заедница
Со години „Витаминка“ финансиски помага многу спортски клубови, училишта, цркви, манастири, болници, факултети и други правни и физички лица, особено на оние поединци на кои им е неопходна некаква итна финансиска помош.
„Витаминка“ е поддржувач на македонскиот спорт, особено на ракометот, кошарката, фудбалот и автомобилизмот.
„Витаминка“ стипендира студенти на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, кои редовно добиваат месечен надомест за покривање на трошоците за живот и школување.
„Витаминка“ активно ја поддржува и културата, финансиски помагајќи одржување на многу манифестации, концерти, ликовни колонии и слично.
Во текот на изминатите години, имаме соработувано со:
Стопанската комора на Македонија;
Американската стопанска комора AmCham;
Руската стопанска комора;
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје;
Универзитетот „Свети Климент Одридски“, Битола;
Универзитетот Фон, Скопје;
Американ Колеџ, Скопје;
Македонската кошаркарска федерација;
Македонската ракометна федерација;
Фестивалот „Охридско лето“, Охрид;
Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Прилеп;
Светска банка,
УНИЦЕФ и многу други.
Негувањето сериозен пристап кон животната средина е од особена важност за „Витаминка“. Друштвото постојано се грижи за зачувување на животната средина, управувајќи со отпадот од пакувањата на производите. „Витаминка“е еден од основачите на „Пакомак“ ДОО, Скопје и со тоа е и овластен корисник на ознаката “Green Dot”. Сите аспекти поврзани со животната средина се контролираат на редовна основа.
Акционери
Нашето бизнис работење се заснова на етичност, транспарентност и точност во информирањето. Редовно комуницираме со акционерите и со јавноста информирајќи ги вистинито и непристрасно. „Витаминка“ се грижи за зголемување на вредноста на акциите и за редовна исплата на дивиденда, а преку добро бизнис планирање, пораст на пазарниот удел, правилно инвестирање во производствените капацитети, истражување и контрола на квалитетот на производите и преку раст на профитот.
Како друштво со посебни обврски за известување согласно закон, доследно и принципиелно проследуваме информации и разни документи поврзани со работењето.
Како компанија која шест децении се развива на овие простори, но и амбициозно граби кон светските пазари, „Витаминка“ е насочена кон континуиран развој, исполнувајќи ги мисијата и визијата на најпрофесионален начин.