Компаниски активности

Атлантис на Витаминка повторно розов со цел зголемување на свесноста за рак на дојка

(Прилеп, 08.10.2021) – Чоколадните морски школки Атлантис добија розова едиција која е достапна во сите продажни објекти и дел од средствата на продадените количини ќе биде наменет за лицата со рак на дојка. На овој начин компанијата Витаминка повторно активно се вклучува во поддршката на активностите на Здружението Борка за зголемување на свеста за овој … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка дел од средбата на бизниси од Централна и Источна Европа

Врвни европски малопродажни синџири и дистрибутери се на дводневна средба во Будимпешта, Унгарија со добавувачи на прехранбени производи од истиот регион, каде што со свој претставник е присутна и Витаминка. Целта на средбата е да се најдат нови брендови и производи потребни за меѓународна дистрибуција на големите ланци и брендови. На годинешната средба се застапени … Повеќе

Прочитај повеќе »

Донација на производи и вода за пожарникарите

Пакети производи и вода беа донирани од Витаминка за прилепските пожарникари кои се бореа со огнените стихии во регионот. Додека во околината на Прилеп гореа стихии кај селата Канатларци, Подмол, Топлица, Ракле, Смолани единствено припадниците на Територијалната против пожарна единица од Прилеп се справуваа со пожарите и дежураа во случај на појава на нов пожар. … Повеќе

Прочитај повеќе »

Велигденска донација за децата од социјално загрозени семејства од Светот на Колорес и од Витаминка

По повод најголемиот христијански празник, Велигден децата од градинката Светот на Колорес подготвија 200 велигденски пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства, кои заедно со уште 200 пакетчиња од Витаминка, ги донираа за хуманитарната организација „Свети Спас”. Од градинката истакнуваат дека донацијата е од сопствени средства на градинката, при што секое дете придонело со нешто … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници

(Прилеп, 26.04.2021) – Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници од Инфективната клиника во Скопје, од Модуларниот Ковид центар во Штип и од Инфективното одделение од Прилеп, кои секојдневно се вклучени во борбата против Ковид-19. Секој од здравствените работници од овие одделенија во јавните здравствени домови, во пресрет на Велигденските празници доби по пакет … Повеќе

Прочитај повеќе »

Дуално образование во Витаминка

Првите ученици од средното општинско училиште „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп ќе започнат со практична настава во Витаминка како дел од програмата за дуално стручно образование. Наставата започнува со 5 ученици од втора година, запишани на насоката Техничар за индустриска мехатроника и ќе одвива еднаш неделно, кога учениците ќе имаат можност директно да се запознаат … Повеќе

Прочитај повеќе »

Помош од Витаминка за граѓаните на Хрватска

Со желба да помогне во тешките моменти кога граѓаните на Хрватска подолго време се соочуваат со земјотреси и последиците, Витаминка испрати хуманитарна помош за семејствата од погодените региони. Донацијата се состои во пакети со производи што се потребни и неопходни посебно во овој период. Целата акција, иницирана од Витаминка беше спроведена во координација со Хрватската … Повеќе

Прочитај повеќе »