Општествена одговорност и донации

Донација товарно возило од Витаминка за ТППЕ Прилеп

Витаминка за Територијално противпожарната единица во Прилеп донира товарно моторно возило марка Mitsubishi L200 за потребите на прилепската единица. Возилото е комплетирано со современа опрема и неопходните елементи за справување со огнени стихии. Донацијата ќе придонесе кон зголемувањето на ефикасноста и капацитетите на противпожарната единица и интервенциите. „Витаминка АД како општествено одговорна компанија донира едно … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка како општествено одговорна компанија ја поддржа првата хуманитарна „Праскијада”

Во Градскиот Парк во Скопје на последниот ден од месец август се одржа хуманитарниот настан насловен „Праскијада”. Праскијадата што се одржува за првпат е иницирана од хуманитарната платформа Сите сити, а целта беше собирање средства што ќе се искористат да се обезбедат оброци за 20.000 семејства кои припаѓаат на категоријата социјално загрозени. Витаминка продолжувајќи ја … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка ќе стипендира студенти на Машински и на Факултетот за електротехника и информациски технологии

Витаминка ќе додели 4 целосни стипендии за додипломски студии за академската 2019/2020 година. Две стипендии ќе се доделат на Машинскиот факултет во Скопје, додека другите две стипендии ќе бидат за кандидатите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.

Прочитај повеќе »

Две признанија за Витаминка

Владата на Република Северна Македонија ѝ додели на Витаминка признание за општествена одговорност и промоција на семејните вредности, за воведување на скратеното работно време за родителите кои се враќаат од породилно отсуство.

Прочитај повеќе »

Витаминка за сите жени вработени во компанијата организира бесплатни ехо-прегледи на дојка во своите простории

Со спроведување на прегледите во самата компанијата покрај што се прави вистински потег на искрена грижа за здравјето и добросостојбата на жените од сите возрасти вработени во компанијата, уште и се поттикнуваат на самосвесност за потребата од редовни прегледи.

Прочитај повеќе »