ТОП Вести

vitaminka

Романската амбасадорка Аксинте ја посети Витаминка

Амбасадорката на Романија во Република Северна Македонија, Адела Моника Аксинте оствари работна посета на Витаминка при што се сретна со Претседателот на Одборот на директори Симон Наумоски, Владимир Трпаноски, комерцијален директор и директорот за извор, Љупчо Велески. На средбата посебно се разговараше за подобрување на соработката помеѓу Витаминка и романските компании. Исто така, тема на … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка еден од редовните изложувачи на FOOD EXPO во Атина

 Витаминка, најголемиот производител од прехранбената индустрија во земјава ја изложи својата производна програма на Food Expo 2023, што викендов се одржа во Атина, Грција. На една од најпознатите изложби за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Витаминка ги покажа своите производи пред илјадници професионалци од трговија на мало, големо и угостителство од Грција и странство. … Повеќе

Прочитај повеќе »

Бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за 300 жени вработени во Витаминка

Грижата за здравјето на сите вработени отсекогаш била приоритет број еден за Витаминка. Затоа, последниве три дена во просториите на компанијата се направија бесплатни ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда за околу 300 жени вработени во нашата компанија. Здравствените прегледи беа наменети за вработените од Прилеп, Штип и Скопје, општини каде компанијата има свои работни … Повеќе

Прочитај повеќе »

Во Витаминка поставени два полначи за електрични возила достапни за сите граѓани 

Витаминка постави два полначи за електрични возила на паркингот на компанијата коишто се достапни за сите граѓани.Поставувањето на полначите е заедничка акција на Прокредит банка, којашто ги донира полначите и на Витаминка со обезбедување на електрична енергија од обновливи извори.  „Нашата општествена одговорност и трансформација кон создавање и користење обновлива енергија продолжува со новата иницијатива … Повеќе

Прочитај повеќе »

Сашо Наумоски почесен конзул на Украина во земјава

Во присуство на дипломатскиот кор, претставници на Министерството за надворешни работи и локалната власт во Прилеп беше отворено почесното конзуларно претставништво на Украина во Република Северна Македонија. Функцијата почесен конзул на Украина ќе ја извршува Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка, стопанственик кој долги години придонесува во развивање на економските релации меѓу двете земји и … Повеќе

Прочитај повеќе »

Посета на јапонскиот амбасадор на Витаминка Прилеп

Н.Е. Амбасадорот Савада Хиронори, деновиве оствари работна посета на ПИ Витаминка АД Прилеп. Во рамките на посетата, чиј домаќин беше Претседателот на Одбор на директори Симон Наумоски, како и директорите Наташа Стојковска и Владимир Трпаноски, делегацијата имаше можност да се запознае со работењето на компанијата, финансиските резултати, деловните активности, како и со производствениот асортиман и … Повеќе

Прочитај повеќе »

Донација од Витаминка за децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и во Битола 

(Прилеп, 22.12.2022) – Децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола добија предновогодишно изненадување од Витаминка. Новогодишните пакетчиња беа доставени во просториите на Заводот во Скопје и во Битола, каде дополнително ја збогатија празничната атмосфера. Од компанијата велат … Повеќе

Прочитај повеќе »

Училишната лабораторија во СОУ „Ѓорче Петров“ доби лабораториска опрема од Витаминка

(Прилеп, 22.12.2022) – Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Прилеп за потребите на училишната лабораторија доби донација од Витаминка, лабораториска опрема. Станува збор за нова и за користена но функционална опрема на која што учениците ќе може да учат но и да изведуваат потребни експерименти соодветно наставниот план.  „Донацијата се состои од: микроскоп и аналитичка вага, … Повеќе

Прочитај повеќе »