ТОП Вести

Стоби Флипс со нов изглед и истиот препознатлив вкус

По речиси 50 години препознатлив изглед, Стоби Флипс добива редизајнирано пакување, освежено во духот на современото време. Промената го задржува она што со децении е дел од неговата препознатливост, а оригиналниот вкус што го познаваат генерации потрошувачи останува непроменет. Во основата на редизајнот е идејата да се зачуваат корените и наследството на Стоби Флипс, а … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка ја поддржа реконструкцијата и опремувањето на новиот ВИТА-ХАБ при Економскиот факултет во Прилеп

На првиот ден од новата академска година, 1 октомври 2026 година, на Економскиот факултет во Прилеп свечено беше отворен новиот ВИТА-ХАБ, чија реконструкција и целосно опремување беа реализирани со финансиска поддршка од „Витаминка“ АД Прилеп и благодарение на заложбите на генералниот извршен директор, Сашо Наумоски. На свеченоста присуствуваше Орде Ѓорѓиоски, директор на правни работи и … Повеќе

Прочитај повеќе »

Во Прилеп се одржа бизнис-настан за младинско претприемништво и бизнис-пичинг, прв настан од ваков тип

Ученици од прилепските средни училишта своите храбри бизнис идеи ги презентираа пред претставници на бизнис-секторот, професори, ментори и искусни претприемачи. Ние како македонска компанија силно веруваме во потенцијалот и силниот претприемнички дух на идната генерација, како свежа сила во развојот на локалната економија. Со задоволство споделуваме дека Душица Неделкоска од Секторот за маркетинг во Витаминка … Повеќе

Прочитај повеќе »

За незаборавни училишни денови: подароци за првачињата од големото семејство на Витаминка

Со голема радост и оваа година ги изненадивме првачињата на нашите вработени! За нивниот прв чекор во училишните клупи подготвивме нови ранци исполнети со целосен училишен прибор, брендирани Витаминка подароци и, секако, сладок пакет преполн со омилените вкусови. На сите првачиња, но и на останатите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток на училишната година. … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка со поддршка за современото здравство во Прилеп

Создавањето нови можности за заедницата останува наша трајна мисија. Горди сме што преку донирањето на современи лапароскопски инструменти за Општата болница во Прилеп, бевме дел од историски успех за локалното здравство – првата лапароскопски изведена операција на хернија со TAPP техника. Оваа инвестиција значи подобра здравствена заштита, пократок болнички престој и побрзо враќање на пациентите … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Како одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка денеска испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење. Откако надлежните институции препорачаа водата од градскиот водовод да не се употребува, голем број жители се принудени секојдневно да обезбедуваат вода од алтернативни … Повеќе

Прочитај повеќе »