Грижата за заедницата на Витаминка е континуиран и посветен ангажман
Општествената одговорност ја дефинира обврската на компаниите да дејствуваат во најдобар интерес на заедницата и општеството во целина. Но општествената одговорност на Витаминка оди чекор понатаму, проширувајќи ги сопствените ангажмани и обврски каде може да влијае со цел да предизвика подобрување на општата состојба или овозможување помош каде е потребна. Во целото свое постоење, Витаминка секогаш ги следела сите општествени процеси, потребите на заедницата, граѓаните и вработените и дејствувала соодветно потребите.
Нашиот ангажман како компанија што работи според највисоките етички и морални принципи, соодветствува со вредностите кои во својата основа ја имаат хуманоста и солидарноста. Во нашата опсежна општествена одговорност се опфатени социјалната компонента, помошта за граѓани што се во неповолна социјална состојба, здравствени и социјални јавни институциите, но и образовни.
Донации на „Витаминка“ АД Прилеп во 2020 година:
За време на периодот од отпочнување на кризата со COVID-19 па досега, на Министерството за здравство му се донирани: мединска опрема, медицински потрошен материјал, средства за дезинфекција, PCR тестови за COVID-19 и друго, во вредност од 1.732.510 денари;
Помош за различни здраствени установи, а согласно нивните индивидуални потреби и барања во вкупна вредност од 1.262.176,00 денари:
- На вработените во Инфективна клиника Скопје им се подарени пакети со прехранбени производи од нашата програма;
- На Здравствен дом Прилеп му е донирана медицинска опрема;
- на Центарот за јавно здравје во Прилеп му е дониран потребен инвентар;
- На Градска болница Прилеп и се донирани заштитни маски и антиген тестови;
Помош за неколку општини, а согласно нивните индивидуални потреби и барања во вкупна вредност од околу 1.017.975,00 денари:
- На Општина Прилеп и се донирани средства за дезинфенција;
- На деца од социјално загрозени семејства од Општина Прилеп се донирани 50 таблети;
- На Општина Штип и се донирани прехранбени производи;
- На Општина Кавадарци и се донирани прехранбени производи;
- На Општина Крушево и се донирани производи за социјално ранливи категории на граѓани;
- На Општина Центар Скопје и се донирани прехранбени производи;
Помош за ранливите групи граѓани преку донации на финансиска помош, средства или производи доделена преку невладини, хуманитарни и верски организации во вкупна вредност од 5.546.097,00 денари:
- На хуманитарните организации Ајде Македонија, платформа Сите сити, Здружение Љубезност Скопје, Храна за сите, банка за храна, Еурохуман интернационал Скопје, Надеж за сите Прилеп им се донирани прехранбени производи;
- На Хуманитарната организација Св. Спас и се донирани прехранбени производи;
- На манастирот Св. Јован Бигорски му се донирани прехранбени производи;
- На Невладината организација Подај рака за спас и се донирани прехранбени производи;
- На Заспав гладен од Прилеп и се донирани производи од Витаминка;
- На платформата Сите сити – Ајде Македонија со кои имаме годишен договор за донирање на наши производи, направена е нова донација;
- На здружението Љубезност Скопје му се донирани прехранбени производи;
- На црквата Св Благовештение Прилеп и се донирани производи за социјално ранливи категории;
- На Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака од Прилеп и од Штип, на Дневен центар за лица со церебрална парализа и аутизам од Прилеп и Здружение Сплотени срца од Штип им се донирани пакети производи;
- На Дневен центар за лица со посебни потреби Ѕуница Прилеп им се донирани прехранбени производи;
- За кампањата Спортисти против корона се донирани прехранбени производи;
- На Здружението за поддршка и помош на социјално исклучени и сиромашни лица „Храна за сите – БХМ“ Скопје му се донирани прехранбени производи;
Спонзорства на „Витаминка“ АД Прилеп во 2020 година:
- ЖК Деспина Прилеп
- Џудо федерацијата на РСМ и џудо клубови
- Перформансот Слики, музика, вино и зачини на Тавитјан Брадерс
- Цевитана алпскиот куп на Аск Скади Скопје
- Серијата Зоки Поки на Кино око Скопје
- Етнос, меѓународен фолклорен фестивал
- Пријател на FMCG бренд форум во Србија;
- Детска емисија Дајте музика, од Рифенштал Скопје
- Спонзорство на книгата „Песни од самоизолација“ на словенечкиот писател Милан Јазбец од Баги комуникации
- Серија Преспав на Охо продукција Скопје
- Охрид трчат
- Макфест Штип
- Филм Тома на Чобра филм Белград
- Спонзорство на песна на Александар и Дац за на Макфест на Пикадо Скопје
- ЖФК Деспина Прилеп
- Друштво за спортски активности фудбалски клуб Победа Прилеп (донација)
- ЖКК Вардар Скопје
- Готвиме со Маја на Баги комуникации Скопје
- Трчај бе Битола
- Тениска федерација на РМ Турнир
- FMCG Summit 26.11.2020 на Кликер маркетинг Скопје
- КК Пелистер Битола (донација)
Однос кон вработени:
- По повод Велигденските празници на 15 и 16.04.2020 г. ПИ Витаминка традиционално на своите вработени им додели пакети со сувомеснати производи.