Организирани превентивни здравствени прегледи за вработените во Витаминка

Во насока на континуирано унапредување на грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени, ПИ „Витаминка“ реализираше организирани превентивни здравствени прегледи наменети за жените вработени во компанијата.

Во рамки на оваа иницијатива, вкупно 330 вработени беа опфатени со прегледи кои се реализираа директно во просториите на компанијата, овозможувајќи лесен пристап и навремена грижа за здравјето.
Прегледите вклучуваа ехо на тироидна жлезда, ехо на гради и ехо на абдомен, со цел рана детекција и превенција на потенцијални здравствени состојби. Со оваа активност, Витаминка дополнително ја нагласува важноста од редовните здравствени контроли и континуираната грижа за здравјето.

Грижата за вработените претставува една од клучните вредности на компанијата. Преку вакви иницијативи, Витаминка континуирано придонесува кон создавање здрава, сигурна и пријатна работна средина.

Вложувањето во здравјето на вработените претставува вложување во иднината, принцип по кој Витаминка доследно се води и ќе продолжи да го негува и во иднина.