Стоби Флипс

СТОБИ ФЛИПС Е ПРОИЗВОД СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ, СОЗДАДЕН ПРЕКУ СОВРШЕН СПОЈ НА ПЧЕНКАРЕН ГРИЗ, СО ПРЕЛИВ ОД МЕЛЕНА КИКИРИКА, СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО, СОЛ И МНОГУ ЉУБОВ.

Впечатливиот вкус ги прави Стоби Флипс идеална ужина за секоја пригода, во секој дел од денот. Од неодоливата привлечност на вкусот кој потсетува на детството, преку неизбежната присутност во секој момент од животот, па се до овој момент кога илјадници флипсови се грицкаат насекаде – Стоби Флипс претставува производ кој е омилен кај сите генерации!
Производот не содржи состојки од животинско потекло.

– Што е СТОБИ ФЛИПС-от?
– Од што е направен?
– Колку е тој квалитетен за консумирање?
– За кого е наменет за употреба?

СТОБИ ФЛИПС-от е производ на „Витаминка“ од Прилеп, Република Македонија. Се произведува во неа повеќе од 40 години во најдмодерни машини, на најмодерна производна линија сета направена од прохромски челик. Се произведува во контиуниран, непрекинат процес на производство, без можности за некакво странично загадување.

Се произведува од суровините: гриз и брашно од царевка набавен од три добавувачи. Во неговиот состав се додадени уште: чисто сончогледово масло, печени мелени кикирики, мешавина од различни зачини и сол, и тоа по уникатна рецептура и уходан технолошки процес за него.
Во неговиот состав нема додадено и според тоа нема присутно хидрогенизирани масти кои се штетни. Исто така, во неговиот состав нема масти од палма кои по квалитет се далеку послаби од сончогледовото масло.

Во технолошкиот процес на производството на СТОБИ ФЛИПС-от сончогледовото масло се загрева на ниска температура, доста пониска од 90°C, никако и никогаш на 170-180°C.

Во технолошкиот процес се користи специјален тип на кикиритка која се печи и мели на наши машини во фабриката.

Во составот на СТОБИ ФЛИПС-от досега никогаш немало присутно ни транс масни киселини, ниту глутен. Тие две штетни компоненти по здравјето на потрошувачите, ги немало досега и нема да ги има во составот ни во иднина.

Моментално „Витаминка“ бара институција во Европа која отсуството на глутенот во овој наш производ со званични, во светот признати анализи тоа ќе го потврди. Во 40 години производство на СТОБИ ФЛИПС-от досега ни еден потрошувач од светот се нема пожалено кај нас од последици од глутенот врз неговото здравје.

Наменет е за употреба за сите возрасти на населението, постари од една година, ако тој се консумира во зрно, а ако се консумира како кашичка може да се употребува и за деца постари од 6-9 месеци.

ИЗОБИЛСТВОТО СО ВИТАМИНОТ Б-КОМПЛЕКС ГО ПРАВИ СТОБИ ФЛИПС ПОГОДЕН ЗА КОНСУМИРАЊЕ ВО СЕКОЈА ПРИЛИКА И ВО СЕКОЈ ДЕЛ ОД ДЕНОТ.

НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ НА 100g
Енергетска вредност
2134kJ/511kcal
Масти
30g
Јаглени хидрати
50,8g
Влакна
3g
Протеини
8g
Сол
2g
Погледнете ги различните амбалажи и пакувања на слајдерот
Продолжи да грицкаш и пробај ги другите вкусови