Во периодот од 2 – 3 октомври 2024 година во Скопје се одржува “WOMEN ECONOMIC FORUM” – G100 Meeting – Balkans 2024, кој настан е поддржан и од страна на „Витаминка“ АД како златен спонзор. Во рамките на третиот панел, учество како панелист зеде д-р Орде Ѓорѓиоски, Директор на правни и општи работи.
Панелот беше насловен “Shaping a Business Landscape for Women’s Career Success”, а нашиот претставник се осврна на многуте практики кои ние како компанија ги имаме за поддршка на жените, презентирајќи го фактот дека „Витаминка“ е компанија во која доминираат жените вработени со повеќе од 50% во вкупниот број, но и компанија во која најмалку 1/3 жени се на раководни позиции, а дури 60% од вкупниот број технолози се жени.
Исто така, директорот изнесе и лични согледувања поврзани со темата, особено за подобрувањето на положбата на жената во компаниите и потребата од зголемување на бројот на жени претприемачи, за што се разви исклучително корисна дискусија. Овој Форум претставува извонредна можност да се научи нешто ново и да се споредат компаниските практики со светските трендови, а во правец на уште поголема инклузија и давање приоритет на знаењето и индивидуалните способности.
Нашите колеги присуствуваат на настанот во овие два дена.
Ја користиме приликата да се заблагодариме на организаторот за одличниот Форум, со желби да продолжи соработката за вакви и слични иницијативи во иднина.