За незаборавни училишни денови: подароци за првачињата од големото семејство на Витаминка

Со голема радост и оваа година ги изненадивме првачињата на нашите вработени! За нивниот прв чекор во училишните клупи подготвивме нови ранци исполнети со целосен училишен прибор, брендирани Витаминка подароци и, секако, сладок пакет преполн со омилените вкусови.
На сите првачиња, но и на останатите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток на училишната година. Радост, насмевки, знаења и нови другарчиња за безброј незаборавни спомени!
Витаминка секогаш ги поддржува своите најмали членови од големото семејство!

За незаборавни училишни денови: подароци за првачињата од големото семејство на Витаминка