Витаминка со присуство на ENFIT EQI – Обука за внатрешни инспектори

На 18 и 19 фебруари се одржа ENFIT EQI обука за внатрешни инспектори, во Еупен, Белгија, на која учествуваа нашите претставнички, Натали Петреска, Директор на контрола и Олга Ристеска, Координатор за обезбедување квалитет.

Акцентот на обуката беше ставен на сложеноста на синџирот на снабдување и неговите ризици. Транспортните единици се значаен сегмент во производството на храна, контролна точка која налага одржување на високо ниво на хигиена.

Од аспект на барањата на стандардите, беше прaвена анализа за можен ризик од food fraud и food defense.

Практичниот дел од обуката и показните вежби се одржаа во ENFIT сертифицираната станица за чистење, Asro clean AG.

ГАЛЕРИЈА - Витаминка со присуство на ENFIT EQI - Обука за внатрешни инспектори