Скопје стана спортски епицентар на Европа со одржувањето на Европското првенство во џудо за кадети, а Витаминка со посветеност и гордост застана зад овој значаен настан.
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, во Скопје се собраа повеќе од 500 млади џудисти од 42 европски земји, придружувани од над 800 гости, создавајќи спортска атмосфера исполнета со енергија, страст и фер-плеј.
Како долгогодишен партнер на Џудо федерацијата на Македонија, Витаминка вложува во поддршка на спортот и развојот на младите таленти, препознавајќи ја вредноста на спортот како двигател на дисциплина, упорност и здрави навики. Нашата соработка со федерацијата е израз на верба дека токму младите се иднината на македонскиот спорт и општество.
Според претседателот на Џудо федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, џудото пред се е едукативна и образовна дисциплина:„Првпат Македонија е домаќин на европско првенство во џудо и горди сме што ги отвораме нашите врати за талентираните млади џудисти и посветените поддржувачи од целиот континент. Џудото нè учи на дисциплина, почит и стремеж кон совршенство, вредности што длабоко ги негуваме. Ова првенство e прослава на младоста, решителноста и иднината на овој спорт. Возбудени сме што ги гледаме ѕвездите во подем на европското џудо како се натпреваруваат со страст и спортски дух и веруваме дека татамито во Скопје ќе стане сцена за незаборавни достигнувања и доживотни спомени.“
Поддршката на Европското првенство во џудо не е само инвестиција во спортски настан, туку и во афирмацијата на Македонија како одличен домаќин на меѓународни спортски случувања.
Витаминка останува посветена на својата мисија – да биде партнер на младите и инспирација за идни генерации спортисти кои со својот труд и посветеност ја претставуваат Македонија на највисоко европско и светско ниво.