Претставници на Витаминка на 6-тата Македонско-германска конференција за контролинг

Со фокус на иновативните развојни практики во областа на контролингот се одржа 6-тата Македонско-германска конференција за контролинг. На годишната тема „Нови техники и концепти за понатамошен развој на перформансите во контролингот и CFO областа“, своите видувања и ставови ги изнесоа истакнати академици, индустриски експерти, финансиски директори, истражувачи и носители на политики а дел од панелот беа и претставниците на Витаминка Сања Николоска и Маријана Бојкова, финансиски аналитичар планери и Михаела Дунимаглоска финансиски книговодител.

Конференција претставуваше своевидна платформа за учење, дијалог, вмрежување и можности за заеднички истражувања, а современите пристапи во управувањето со перформансите и стратегиското планирање во финансискиот сектор беше главниот фокус. Посебно внимание се посвети на новите стандарди во контролингот, искористувањето на потенцијалот на дигитализацијата и вештачката интелигенција преку поедноставување на процесите во CFO-сегментот, како и на поддршката што вештачката интелигенција ја нуди во процесите на планирање и донесување одлуки.

Преку размената на овие знаења и ставови се креираат насоки и се придонесува врз идниот развој на контролингот и CFO областа.

Присуството на Витаминка ја потврдува заложбата на компанијата за постојан професионален развој, примена на современи алатки и следење на трендовите во финансискиот менаџмент.

ГАЛЕРИЈА - Претставници на Витаминка на 6-тата Македонско-германска конференција за контролинг