Празничен настан за децата на вработените во ПИ „Витаминка“ АД Прилеп 🎄

На 21 декември 2025 година, во кругот на фабрика 1, ПИ „Витаминка“ АД Прилеп организираше празничен настан посветен на децата на вработените до 10-годишна возраст. Настанот беше исполнет со радост, насмевки и многу празнична енергија.
Децата имаа можност да уживаат во интерактивна програма, музички и забавни активности, вклучување на маскоти и омилени ликови, како и во фотографирање со Дедо Мраз. Најочекуваниот дел од денот беше доделувањето на новогодишни пакетчиња и внимателно избрани играчки, со што празничната магија беше заокружена.
Со ваквите настани, Витаминка ја потврдува својата посветеност кон грижата за вработените и нивните семејства, создавајќи моменти исполнети со топлина, заедништво и празничен дух.
ПИ „Витаминка“ АД Прилеп им посакува на сите свои вработени и нивните најмили среќни празници и успешна нова 2026 година!

Празничен настан за децата на вработените во ПИ „Витаминка“ АД Прилеп 🎄