Витаминка ги следи светските трендови на FOOD EXPO 2026

Претставници на Витаминка беа дел од FOOD EXPO 2026, една од најзначајните меѓународни саемски манифестации во областа на храна и пијалаци во Југоисточна Европа, што се одржа од 14 до 16 март во Атина. Настанот обедини водечки компании, професионалци и носители на одлуки од F&B индустријата, отворајќи простор за нови деловни можности, вмрежување и следење на најновите трендови на пазарот.

На настанот присуствуваа Комерцијалниот директор и регионалните менаџери по продажба од Домашен пазар, кои имаа можност одблиску да се запознаат со актуелните иновации, производи и развојни насоки во индустријата, како и да остварат корисни деловни контакти со партнери и професионалци од повеќе земји.
FOOD EXPO 2026 собра над 30 000 професионалци од повеќе од 80 земји, со учество на околу 1 300 изложувачи, што дополнително ја потврдува важноста на овој настан за развојот на современиот прехранбен сектор.

ГАЛЕРИЈА - Витаминка ги следи светските трендови на FOOD EXPO 2026