На 15 април 2026 година (среда) се одржа работилницата на тема „Баланс, благосостојба и превенција на burnout“, во организација на Витаминка. Настанот беше реализиран со цел да се подигне свеста за важноста на менталното здравје и да се поттикне создавање на здрави навики кои придонесуваат за подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.
Преку оваа иницијатива, Витаминка уште еднаш ја потврди својата посветеност кон благосостојбата на вработените, препознавајќи ја важноста на грижата за менталното здравје како клучен фактор за долгорочна продуктивност и задоволство на работното место.
Во рамки на работилницата, учесниците имаа можност да се запознаат со главните причини за појава на burnout, неговите симптоми, како и ефективни пристапи за навремена превенција. Преку интерактивни дискусии и практични примери, беа споделени алатки и техники за справување со стрес, подобрување на личната продуктивност и одржување на психо-физичка благосостојба.
Настанот се одвиваше во позитивна и отворена атмосфера, со активно учество и размена на искуства помеѓу присутните. Со вакви активности, Витаминка продолжува да гради организациска култура која ја става благосостојбата на вработените во фокус и придонесува кон создавање на здрава и поддржувачка работна средина.