ВИТАМИНКА – DIAMOND СПОНЗОР НА 12. FMCG SUMMIT SKOPJE

Витаминка беше Diamond спонзор на 12. издание на FMCG Summit Skopje, еден од најзначајните деловни настани за индустријата на стоки за широка потрошувачка во Македонија. На самитот, што се одржа на 29 октомври 2026 година во организација на InStore Македонија, присуствуваа и претставници од секторите за маркетинг и продажба на Витаминка.
Настанот обедини претставници на производствени и трговски компании, дистрибутери и домашни и меѓународни експерти, кои дискутираа за актуелните трендови и предизвици во FMCG индустријата. Во фокусот беа новите потрошувачки навики, развојот на брендовите, пазарниот раст, иновациите и примената на вештачката интелигенција во деловното работење.
Присуството на самитот беше можност за следење на новите трендови, размена на искуства и запознавање со практики од областа на маркетингот и продажбата.
Со поддршката на FMCG Summit Skopje, Витаминка уште еднаш ја потврди својата активна улога во домашната прехранбена индустрија и заложбата за поддршка на иницијативи што придонесуваат за нејзиниот развој.

ГАЛЕРИЈА - ВИТАМИНКА - DIAMOND СПОНЗОР НА 12. FMCG SUMMIT SKOPJE