Претставници на Витаминка на меѓународниот конгрес FoodTech 2026 во Нови Сад

Претставници на Витаминка – директорката за контрола на квалитет Натали Петреска и QA координаторката Олга Ристеска – учествуваат на FoodTech 2026 – 6. меѓународен конгрес за технологија, квалитет и безбедност на храната, кој се одржува од 27 до 29 октомври 2026 година во Нови Сад, Србија, под мотото „Reshaping the Future of Food – Two Decades of Science“.

Витаминка има воспоставено успешна соработка со Институтот за прехранбени технологии (FINS) во Нови Сад, особено во областа на развојот и унапредувањето на лабораториските капацитети и методите за сензорна анализа на прехранбените производи. Учеството на конгресот претставува можност за понатамошно зајакнување на оваа соработка и размена на стручни искуства.

Конгресот обединува меѓународни експерти, научници и професионалци од прехранбената индустрија, со фокус на современите предизвици и иновации во областа на безбедноста и квалитетот на храната, новите технологии, одржливите прехранбени системи и дигитализацијата на контролата на храната.

Учеството на претставниците на Витаминка овозможува следење на најновите научни достигнувања и согледување на можностите за нивна практична примена во унапредувањето на лабораториските методи, производствените процеси и системите за квалитет и безбедност на храната.