Витаминка меѓу поддржувачите на наградениот филм „Сестра, брат и шахта“

Витаминка е меѓу домашните компании што го поддржаа филмот „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски, којшто ја освои главната награда „Токио Гран при“ на Меѓународниот филмски фестивал во Токио. Овој успех претставува значајно меѓународно признание за македонската кинематографија, а за Витаминка уште еден повод да ја истакне важноста на поддршката на домашната култура и уметност.

Како компанија со 70-годишна традиција, Витаминка континуирано поддржува иницијативи од различни области на општествениот живот, меѓу кои и културни и уметнички проекти. Со поддршката на филмот на Манчевски, компанијата ја продолжува својата заложба да биде дел од активности што го афирмираат македонското творештво.

Наградата „Токио Гран при“ е прва победа на македонски филм на фестивал од А-категорија по „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994 година. На годинашното издание на фестивалот во Токио, филмот беше избран меѓу 15 остварувања во главната натпреварувачка програма, во конкуренција од 1.892 пријавени филмови од 112 земји и региони.

Витаминка го поздравува овој голем успех на македонската кинематографија и останува посветена на поддршката на домашните културни и општествени иницијативи.