Витаминка на интернационалниот саем „Food Ingredients 2026“ во Франкфурт

Во периодот од 17 до 19 ноември 2026 година, претставници на Витаминка присуствуваа на интернационалниот саем „Food Ingredients 2026“, кој се одржа во Франкфурт, Германија.
Компанијата ја претставуваа Ана Кировакова, шеф на производствен погон Зачини, и Гордана Симоноска, шеф во Набавка, кои имаа можност одблиску да се запознаат со најновите достигнувања, иновации и трендови во областа на прехранбените суровини и состојки.
Саемот обедини повеќе од 1.650 изложувачи и околу 27.000 професионални посетители од над 135 земји, претставувајќи значајна меѓународна платформа за размена на знаења, искуства и воспоставување нови деловни контакти.
Посебен акцент на овогодинешното издание беше ставен на здравјето на дигестивниот систем, природните и функционалните состојки, производите со намалена содржина на шеќер, алтернативните протеини, како и одржливите решенија и примената на вештачката интелигенција во прехранбената индустрија.
Учеството на вакви меѓународни настани ѝ овозможува на Витаминка континуирано да ги следи промените на глобалниот пазар, да ги истражува новите можности и да ги унапредува своите производствени и набавни процеси во согласност со современите индустриски стандарди и потребите на потрошувачите.

ВИТАМИНКА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ САЕМ „FOOD INGREDIENTS 2026“ ВО ФРАНКФУРТ