Како дел од нашата општествена одговорност кон заедницата на која и самите припаѓаме и соодветно на нашата определба постојано да ги следиме состојбите околу нас и да помагаме каде е најпотребно, реализиравме донации во две здравствени установи. Целта на донациите е да се помогне и да се подобрат условите во прилепските здравствени установи за нивната грижа за пациентите да биде поефективна.
За ЈЗУ Општа болница Борка Талески Прилеп донирани се парични средства кои ќе бидат употребени за инсталирање на Систем за централни гасови односно за довод на кислород, што е неопходна нега при третмани на хоспитализирани со Ковид-19.
Во моменти кога се најпотребни, во ЈЗУ Здравствен дом Прилеп донирани се 400 брзи антиген тестови кои го детектираат вирусот Сарс-Ков-2.
Борбата против десетмесечното справување со пандемијата на Ковид-19, Витаминка ја продолжува со активен и ангажиран однос, со голема свесност за неопходноста од следење на безбедносните препораки како и апел за почитување на мерките за претпазливост.