News

Витаминка со активно учество на 18. Конференција за безбедност и квалитет на храна во Опатија

Од 12 до 14 мај 2025 година во Опатија, Хрватска, се одржа 18. Конференција за безбедност и квалитет на храна, во организација на Хрватската стопанска комора. Настанот ги привлече водечките експерти од прехранбената индустрија, академската заедница и надлежните институции од целиот регион, со цел размена на најнови знаења, искуства и добри практики во областа на … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка со ново партнерство со Фудбалската федерација на Македонија

Со голема радост ја објавуваме нашата најнова соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) – партнерство кое ја обединува традицијата, посветеноста кон здравјето и љубовта кон спортот. Како компанија која е дел од животот на многу генерации, Витаминка секогаш била двигател на здравите навики и активниот начин на живот. Денес, со особено задоволство стануваме поддржувачи … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка прогласена за најпосакуван работодавач од Vrabotuvanje.com.mk

Витаминка АД Прилеп уште еднаш го потврди својот статус како еден од најпочитуваните и најпосакуваните работодавачи во земјава, добивајќи ја престижната награда „Најпосакуван работодавач во категорија производство на храна“ за 2024 година од страна на порталот Vrabotuvanje.com.mk. Ова признание е резултат на независно истражување спроведено од страна на порталот, каде што илјадници испитаници имаа можност … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка доби благодарница од Македонско-Германското стопанско здружение за 15 години успешно членство и партнерство

Долгорочните партнерства не се случајни. Тие се резултат на доследност, доверба, заеднички вредности и визија која се гради со години. Токму затоа, со особена чест и гордост ја примивме благодарницата од Македонско-Германското стопанско здружение (AHK Северна Македонија) за 15 години членство и успешна соработка. Ова признание за нас претставува многу повеќе од симболичен гест – … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка со учество на обука за „Design Thinking: Creative Innovation for Effective Solutions“

Во рамки на годишната BoT програма, на 10 април 2025 година, во М6 Едукативен центар се одржа еднодневна обука на тема „Design Thinking: Creative Innovation for Effective Solutions“ под менторство на интернационалниот тренер Кристијано Нордио. Oд Витаминка учество земаа Кире Јовески – Key Account Manager и Душица Неделкоска – Маркетинг и ПР координатор, кои активно … Повеќе

Прочитај повеќе »

Витаминка со учество на првата Продажна Конференција и инспиративно дружење под мотото „Моќни и успешни 2025“

Во периодот од 4 до 6 април, комерцијалниот тим на „Витаминка“ А.Д. Прилеп од целата држава, задолжен за домашниот пазар, се собра во Берово на првата Продажна Конференција и инспиративно дружење под мотото „Моќни и успешни 2025“. Преку синергија на знаење, искуство, стратегија, визија и позитивна енергија, колегите работеа на зајакнување на тимскиот дух и … Повеќе

Прочитај повеќе »