Доделен училишен прибор на децата на нашите вработени, коишто оваа учебна година се првачиња

Секој почеток на учебната година е посебен и за децата и за родителите. Но, секогаш радоста е најголема за првачињата и нивното првото училишно искуство.

Витаминка е компанија која сака да ги слави и да ги споделува тие радости, особено со најмалите.

За таа цел, денес на сите наши вработени, чии дечиња оваа учебна година се првачиња, им доделивме ранци со неопходниот прибор и се разбира, многу наши производи за успешен почеток.

После доделувањето направивме и прошетка низ нашата фабрика. Секако, најдолго се задржавме во деловите каде се произведува омилениот- Стоби Флипс.

Нашата компанија има приоритет да ги вбројува во својата стратегија сите вистински вредности, а ваквите настани се само дел од тоа.

Им посакуваме успешен почеток на учебната година на сите дечиња.

Доделен училишен прибор на децата на нашите вработени, коишто оваа учебна година се првачиња