ГО САКАМ ОХРИД, ЈА САКАМ ВИТАМИНКА

Најталентираните креативци, учесници на конкурсот за најдобар цртеж во рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, беа во посета на Витаминка, изворот на нивните задоволства.

Младите ентузијасти поминаа еден интересен ден во Витаминка каде се запознаа како се произведуваат омилените и највкусни Витаминка производи и имаа уште еден ден за паметење со Витаминка. Со оваа посета и официјално заврши проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ во текот на кој септември и октомври беа месеци во знакот на Витаминка во Охрид. Во овој период под закрила на проектот, Охрид изобилуваше со дружење, награди, донации и уште многу насмевки кај малите и возрасните охриѓани.

Организатор на проектот беше Тамаро маркети, еден од нашите долгогодишни партнери. Секоја недела некој од производите на Витаминка се криеше зад големата сложувалка истакната на јавно место која охриѓани со задоволство ја решаваа и со што го бараа скриеното богатство во Игротеката на Тамаро. Се избираше и најубава торта направена со производите на Витаминка и секој ден на Супер радио се доделуваа ранчиња, топки и Витаминка производи, а имавме и донации со наши производи за основните училишта.

Сето ова беше проследено со супер настани, многу забава и многу награди, за највештите домаќинки, за најдобрите кошаркари и на крај и за дечињата кои цртаа ликовни творби со мотиви на Охрид во рамките на ликовниот конкурс. За сите 30тина учесници на конкурсот беа обезбедени вредни награди, меѓутоа за авторите на најдобрите цртежи како посебно изненадување беше организирана посета на нашата фабрика.