Хронологија на преземените активности во „Витаминка“ АД за заштита од Covid-19

Заради новонастанатата состојба со присуство на COVID-19 („Корона вирус“) во „Витаминка“ АД ургентно беа преземени и во тек се преземаат повеќе мерки и активности, водени од тоа дека здравјето и безбедноста на нашите вработени, производи и потрошувачи е наш најголем приоритет.

Секојдневни активности и мерки:

  • Во Фабрика 1 се поставени два пробни термометри за мерење телесна температура. Мерењето е многу брзо и се избегнува човечкиот фактор кој беше ангажиран за мерење со рачните термометри. На екранот веднаш се прикажува телесната температура на лицето, а покрај тоа има и звучна сигнализација дали температурата е во ред или не. Контрола во однос на тоа дали правилно се користат ќе вршат лицата од обезбедувањето. Секој вработен е должен, при влез во фабриката, да застане пред еден од термометрите заради мерење температура, од тоа нема никакви отстапки! Доколку температурата е повисока од нормалната, тоа лице не смее да влезе! За надворешни лица ќе се користат и рачните термометри и новите согласно можностите.
  • Секојдневна дезинфекција на просториите во фабриките и управните згради од страна на посебна служба за хигиена
  • Дезинфекција на сите возила при влез во Фабрика 1, 2 и 3
  • Задолжително анкетирање на сите надворешни лица при влез во Фабрика 1, 2 и 3

Мај:

  • На ден 26.05.2021 за прв пат од почетокот на пандемијата нема ниту еден активен случај во цела фабрика. Се надеваме дека оваа состојба ќе потрае. Да продолжиме да бидеме внимателни и понатака!
  • На ден 18.05.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 2. Ја користиме приликата да честитаме за исклучително високиот интерес на пријавени лица за вакцинација, вкупно 315. Сите овие лица се уредно пријавени на biznisvakcinacija.mk и во наредниот период треба да очекуваат да бидат известени за термини за вакцинација со смс порака на нивните телефони или тоа ќе биде направено по службен пат, па таквата информација ќе биде проследена од страна на правната служба. Приоритетот и видот на вакцината ги одредува Министерството за здравство. Основно е сите да имаме трпение и да бидеме принципиелни во почитувањето на препораките за заштита од вирусот.
  • На ден 17.05.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 2. Позитивни нови лица нема.
  • На ден 11.05.2021 има две оздравени лица од Фабрика 1. Ја користиме приликата да Ве охрабриме масовно да се пријаувате за вакцинација во нашата држава, на утврдениот начин од страна на Министерството за здравство. Со вакцинацијата се штитите себеси и луѓето околу Вас, што е единствениот начин за излез од кризата!
  • На ден 07.05.2021 има едно ново позитивно лице во Фабрика 1. Однесувајте се одговорно, не отстапувајте од правилата за заштита од вирусот!
  • На ден 06.05.2021 има две оздравени лица од Фабрика 2. Има 4 активни позитивни лица, и исто толку се во изолација.
  • На ден 05.05.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 2. Внимавајте на себе и на Вашите блиски!
  • Од продолжениот викенд (30.04.2021-03.01.2021) имаме две оздравени лица. Нови позитивни лица нема. Не дозволувајте промената на временските услови да Ви го промени размислувањето или перцепцијата за вирусот.  Вирусот и понатаму е тука и е еднакво опасен како и претходно!

Април:

  • На ден 29.04.2021 има две оздравени лица.
  • На ден 28.04.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика 2.
  • На ден 27.04.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика 2. Апелираме на крајно внимателно и одговорно однесување од секој поединец, така можеме да се заштитиме самите себе и оние што ги сакаме!
  • На ден 23.04.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика 1. Чувајте се и останете безбедни!
  • На ден 22.04.2021 има две нови позитивни лица, едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2. Олабавувањето на рестриктивните мерки во државата зависи само од тоа како се однесуваме ние самите, да бидеме внимателни!
  • На ден 20.04.2021 има две оздравени лица, едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2.
  • На ден 19.04.2021 има едно оздравено лице од ДЦ Скопје. Избегнувајте било какво ризично однесување, останете здрави!
  • На ден 16.04.2021 има две нови позитивни лица, едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2. Од клучна важност е да се почитуваат мерките и избегнува ризичното однесување!
  • На ден 15.04.2021 има две оздравени лица (едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2). Има и едно ново позитивно лице од Фабрика 2.
  • На ден 13.04.2021 има едно оздравено лице од В-Роуте и две нови позитивни лица (едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2).
  • На ден 12.04.2021 има едно ново позитивно лице – трговски патник и едно оздравено лице од Фабрика 2. Почитувајте ги мерките и препораките!
  • На ден 08.04.2021 има две оздравени лица од Фабрика 2 и едно ново позитивно лице од Фабрика 1 – Штип. Внимавајте како се однесувате, имајте ја предвид сериозноста на вирусот, почитувајте ги препораките доследно!
  • На ден 05.04.2021 има едно оздравено лице (Фабрика 2) и едно ново позитивно лице (Фабрика 1). Внимавајте и понатаму, ризикот од пренос е многу голем!
  • На ден 01.04.2021 има две нови позитивни лица, едно во Фабрика 2 и едно од В-Роуте. Во ова време треба да се покаже одговорност, свест, разбирање и многу трпение! Водејќи се од тие принципи си помагаме себеси, но и на луѓето кои ги сакаме!

Март:

  • На ден 30.03-31.03 има две оздравени лица од Фабрика 2 и едно ново позитивно лице од Фабрика 2. Грижата за себе и за луѓето од себе е примарна обврска во овој период, однесувајте се одговорно!
  • За време на викендот (27.03.2021-28.03.2021) има две позитивни лица – едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2. Оздравени се три лица – едно од Фабрика 1 и две од Фабрика 2.
  • На ден 26.03.2021 две оздравени лица (едно од патната мрежа и едно од В-Роуте). Има и едно ново позитивно лице од Фабрика 1. Да останеме во добро здравје, третиот бран е многу интензивен и неизвесен како и претходниот, постапувајте целосно по издадените предупредувања и препораки!
  • На ден 24.03.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 2. Бидете посветени на зачувување на своето и јавното здравје, штитете се!
  • На ден 23.03.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 2.
  • На ден 22.03.2021 има четири оздравени лица (две од Фабрика 2, едно од В-Роуте и едно од ДЦ Скопје). Состојбата во градот, но и во цела држава, е критична. Постапувајте согласно препораките, останете здрави!
  • На ден 19.03.2021 има едно ново позитивно лице од патната мрежа.  Однесувајте се одговорно!
  • На ден 18.03.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 1.
  • На ден 17.03.2021 има три оздравени лица – две од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2. Има две нови позитивни лица, едно од В-Роуте и едно од Фабрика 2. Препорачуваме крајно сериозно да се сфати ситуацијата и да се внимава!
  • На ден 15.03.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 2 и едно ново позитивно лице од истата фабрика. Напоменуваме дека епидемиолошката состојба, во Прилеп особено, е многу лоша, бројот на позитивни и лица во изолација постојано се зголемува, што секако е одраз на непочитувањето на мерките. Заштитете се себеси од луѓето околу Вас за побргу да излеземе од оваа состојба!
  • На ден 12.03.2021 има три оздравени лица (две од Фабрика 1 и едно од ДЦ Скопје) и едно ново позитивно лице од Фабрика 2. Апелираме строго да се придржувате кон мерките на Владата и Комисијата за заразни болести и да избегнувате ризично однесување!
  • На ден 11.03.2021 има три оздравени лица (едно од Фабрика 1 и две од Фабрика 2). Има едно ново позитивно лице од ДЦ Скопје.
  • На ден 10.03.2021 има две нови позитивни лица од Фабрика 2 и едно оздравено лице од Фабрика 1.
  • На ден 09.03.2021 има три нови позитивни лица (две од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2). Почитувајте ги препораките, грижете се за себе и за луѓето во Вашата близина, само така можеме да ги превенираме последиците и останеме здрави!
  • На ден 08.03.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика 2 и две оздравени лица (едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2).
  • На ден 05.03.2021 има две оздравени лица (едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2).
  • На ден 04.03.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 2 и едно ново позитивно лице од Фабрика 2. Однесувајте се одговорно, почитувајте ги правилата!
  • На ден 03.03.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика 2 и едно оздравено лице од Фабрика 1.
  • На ден 02.03.2021 има три оздравени лица (сите од Фабрика 1) и три позитивни – едно лице од Фабрика 1, едно лице од Фабрика 2 и едно лице од ДЦ – Скопје.
  • На ден 01.03.2021 има три нови позитивни лица: 2 од Фабрика 1 и 1 од В-Роуте. Имаме и пет оздравени лица.

Февруари:

  • На ден 26.02.2021 има две оздравени лица (1 од ДЦ Скопје и 1 од Фабрика 1).
  • На ден 25.02.2021 има две нови позитивни лица (1 од Фабрика 1 и 1 од В-Роуте). Добра вест е што имаме и две оздравени лица.
  • На ден 24.02.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика 1. Речиси секојдневната појава на нови позитивни лица укажува на тоа дека се соочуваме со нов бран од вирусот, кој и побргу се шири, па во таа насока апелираме на задолжително носење на заштитни средства, држење дистанца и избегнување собири, како и често миење на рацете!
  • На ден 23.02.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 2 и 2 нови нови позитивни лица од Фабрика 1.
  • На ден 22.02.2021 има четири нови позитивни лица: 3 од Фабрика 1 и 1 од Фабрика 2. Имаме и две оздравени лица. На сите лица им посакуваме брзо оздравување! Почитувајте ги мерките и внимавајте на себе и на другите!
  • На ден 19.02.2021 има едно оздравено и едно позитивно лице во Фабрика 1. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 18.02.2021 има уште два нови позитивни случаи на Ковид-19 од Фабрика 1. Очигледно е дека бројот на позитивни лица, како во државата и градот, така и во компанијата, е во пораст. Тоа значи дека пандемијата не згаснува и не го намалува интензитетот и затоа е потребно доследно почитување на препораките. Да останеме безбедни!
  • На ден 17.02.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика 2.
  • На ден 16.02 има три нови позитивни лица: 1 од Фабрика-1 и 2 од Фабрика-2. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 15.02.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 1 и две нови позитивни лица од Фабрика 2. Да се придржуваме кон препораките за заштита!
  • На ден 12.02.2021 има две инфицирани лица, по едно од Фабрика 1 и едно од Фабрика 2. На сите вработени им посакуваме што поскоро оздравување и без поголеми проблеми.
  • На ден 11.02.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика-2. Заради подолго отсуство на лицето од работното место, нема потреба од преземање дополнителни мерки интерно.
  • На ден 10.02.2021 има 4 нови позитивни лица, сите од Фабрика 1. Очигледно е дека како град, но и држава, повторно се соочуваме со нов бран на вирусот. Епидемиолозите укажуваат на присуство на новиот британски сој вирус во Прилеп, кој е поинфективен за 70% од првиот сој, што значи дека истиот многу полесно се шири. Заради претходното, уште поголема е потребата максимално доследно да се почитуваат сите правила за носење маски и држење дистанца, но и да се применуваат хигиенските правила.
  • На ден 08.02.2021 има три позитивни лица (две од Фабрика 1 и едно од ДЦ Скопје). Едно лице е оздравено.
  • На ден 04.02.2021 има едно ново позитивно лице во Фабрика 2. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.

Јануари:

  • На ден 26.01.2021 има едно ново позитивно лице на вирусот од Фабрика 1. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 15.01.2021 има едно оздравено лице од Фабрика 3. Остануваме посветени на заложбата за навремено информирање за сите промени во овој дел.
  • На ден 13.01.2021 има едно ново позитивно лице од Фабрика 1. Се надеваме дека празниците поминаа придржувајќи се кон мерките и дека нема да имаме позначајна промена во трендот на болни и лица во изолација.

Декември:

  • На ден 30.12.2020 има едно ново позитивно лице од Фабрика 1 и едно оздравено лице од Фабрика 2.
  • На ден 28.12.2020 и 29.12.2020 има две нови лица позитивни на вирусот (едно од Фабрика 2 и едно од Фабрика 3). Апелираме на почитување на мерките, особено за време на празничните денови и да ја започнеме Новата 2021 година во полн состав и добро здравје.
  • На ден 24.12.2020 има 1 оздравенo лицe од Фабрика 1, а нема новозаболени лица.
  • На ден 23.12.2020 има 4 оздравени лица, по 2 од Фабрика 1 и 2. Се надеваме дека ваквиот тренд ќе продолжи и во наредниот период! За остварување на таа заложба потребни се заеднички напори и свест.
  • На ден 22.12.2020 има две оздравени лица (по едно од Ф-ка 1 и Ф-ка 2) и едно ново позитивно лице од Фабрика 1.
  • На ден 21.12.2020 има едно ново позитивно лице од Фабрика 1 и едно оздравено лице од Фабрика 3. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 18.12.2020 има двајца оздравени колеги (Фабрика 1) и едно ново позитивно лице од Фабрика 2. Не заборавајте на обврските за почитување на препораките за заштита од вирусот.
  • На ден 16.12.2020 има три оздравени лица, сите од фабрика 1. Им посакуваме брзо оздравување и на сите други.
  • На ден 15.12.2020 има едно ново позитивно лице на вирусот од Фабрика 1. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 14.12.2020 има тројца вработени кои се оздравени: по еден од Фабрика 1, Фабрика 2 и ДЦ-Скопје. Ја повторуваме препораката за почитување на мерките за заштита од вирусот.
  • На ден 11.12.2020 има едно ново позитивно лице на корона вирусот (вработен од Фабрика 2) и пет оздравени колеги.
  • На ден 10.12.2020 има едно ново позитивно лице од Фабрика 3. Чувајте се самите и луѓето околу Вас!
  • На ден 09.12.2020 по продолжениот викенд, има десет оздравени вработени од вирусот и две нови позитивни лица (по едно од Фабрика 1 и 2). Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 04.12.2020 има едно позитивно лице на вирусот од Фабрика 1, а двајца работници од Фабрика 3 се очекува да бидат исфрлени од систем како негативни на 06.12. За продолжениот неработен викенд препорачуваме да се придржувате кон мерките, избегнувајќи било какво ризично однесување, само на тој начин ќе излеземе сите победници од оваа ситуација!
  • На ден 03.12.2020 има една работничка од Фабрика 1 е позитивна на корона вирусот.
  • На ден 02.12.2020 има едно оздравено лице од Фабрика 1. Им посакуваме брзо и успешно оздравување на сите вработени!
  • На ден 01.12.2020 има двајца позитивни вработени од Фабрика 2. Имаме и едно оздравено лице (вработен во ДЦ Скопје). Апелираме да се зголеми личното внимание на секој поединец во поглед на доследното почитување на препораките!

Ноември:

  • На ден 30.11.2020 има тројца нови вработени кои се позитивни на вирусот (2 од Фабрика 1 и 1 од Фабрика 2). Има и пет вработени оздравени од вирусот. Останете здрави и безбедни!
  • На ден 27.11.2020 има вкупно оздравени 4 лица – еден од Фабрика 2, еден од ДЦ-Скопје, двајца од Фабрика 3. Имаме едно ново позитивно лице од Фабрика 1. Продолжуваме со преземање на сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 26.11.2020 има седум нови позитивни вработени (3 од Фабрика 1, 2 од Фабрика 2, 1 од Фабрика 3 и 1 Трговски патник). Оздравени се двајца работници. Работиме заедно во насока на спречување на ваквиот негативен тренд на новозаболени, почитувајќи ги мерките и препораките.
  • На ден 25.11.2020 има тројца оздравени и едно лице (од Фабрика 1) позитивно на вирусот. Сите контакти се проследуваат за новите позитивни лица и се постапува во согласност со протоколите. Да се однесуваме одговорно почитувајќи ги препораките!
  • На ден 24.11.2020 има двајца нови вработени позитивни на вирусот (еден од Фабрика 1 и еден од Фабрика 2). Имаме и две оздравени работнички. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 23.11.2020 има пет нови позитивни лица (четири од Фабрика 1 и еден од Фабрика 2). Оздравени се двајца колеги. Заради фактот што бројот на позитивни лица и лица во самоизолација постојано расте, апелираме на строго придржување до препораките за заштита!
  • На ден 20.11.2020 има тројца нови позитивни на вирусот (двајца од Фабрика 1 и еден од Фабрика 2). Оздравени се двајца колеги.
  • На ден 19.11.2020 има две работнички позитивни на вирусот (една од Фабрика 1 и една од Фабрика 2) и еден оздравен од Фабрика 2. Продолжуваме со преземање на сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 18.11.2020 има две колешки од Фабрика 1 оздравени од вирусот. Исто така, со работа почнуваат и уште четири колеги кои по различни основи беа во изолација.
  • На ден 17.11.2020 има 7 нови колеги позитивни на вирусот (6 од Фабрика 3 и еден од В-Роуте), со исклучок на еден, резултатите за останатите беа добиени по спроведеното тестирање со брзи тестови во Фабрика 3. Убава вест е што денес има и пет оздравени колеги. Продолжуваме со преземање на сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 16.11.2020 има вкупно четворица вработени позитивни на вирусот (двајца од Фабрика 3 и по еден од Фабрика 1 и 2). Денес имаме и тројца оздравени колеги. Придржувајќи се кон мерките, спречуваме сериозно ескалирање на ситуацијата. Да бидеме одговорни кон себе, кон другите околу нас и кон организацијата!
  • На ден 13.11.2020, има двајца позитивни колеги од ДЦ-Скопје и еден оздравен колега од Фабрика 1 во Прилеп. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 11.11.2020 има еден оздравен вработен од вирусот. Исто така, информираме дека во ДЦ Скопје беа извршени тестирања на десетина вработени, при што сите вработени имаа негативен резултат на тестот.
  • На ден 09.11 има двајца вработени позитивни на вирусот (еден од Фабрика 2 и еден од ДЦ-Скопје) и еден вработен кој е оздравен. Повеќе од потребно е мерките да се почитуваат во овие кризни услови на живеење и работење! Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 06.11.2020 има едно позитивно лице од Фабрика 1 и едно оздравено лице. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 05.11.2020 има еден вработен позитивен на вирусот од Фабрика 3. Заради начинот на работа во таа фабрика, ова лице подолго време на доаѓа на работа. Во секој случај, со лицето е постапено во согласност со протололите.
  • На ден 04.11.2020, П.И.„Витаминка“ АД Прилеп, во соработка со надворешно стручно лице од медицинска струка, спроведе тестирање со новововедените брзи тестови, при што вкупно седум вработени од сите тестирани добија позитивен резултат. Станува збор за лица кои што, заради пријавени симптоми или блиски контакти со позитивно лице, веќе извесен период не доаѓаат на работа и се следат од страна на правната служба како надлежна во тој дел. Покрај овие лица, денес беше добиена информација и за уште три лица од администрација од Фабрика 1, кои што се позитивни на вирусот. Со сите лица е постапено согласно протоколите, информиран е надлежниот ЦЈЗ и утврдени се и отстранети контактите.
    Заради зголемување на свеста за начинот на правилно носење на маски, на повеќе локации во сите деловни единици на друштвото беа поставени листи со 10 практични совети за правилно носење маска;
    За непочитување на мерките за заштита од вирусот, во друштвото беа изречени повеќе дисциплински мерки согласно интерните правила. Заложбата е казнената политика во тој дел да биде уште построга, за што заеднички, неподелен, став имаат и работодавачот и претставниците на вработените;
    Во соработка со „Перпетуумобиле Клининг“ се интензивираат дезинфекциите кои што во заедничките простории и административниот дел во фабриките се спроведуваат два пати на ден. Покрај тоа, се воведува практика на поинтензивно чистење од страна на нивните вработени лица со строго наменски средства за дезинфекција, со посебно внимание на работните површини, кваки, врати, прозорци и слично;
    Во соработка со „Приматекс“ од Скопје се спроведува дезинфекција на различни простори во фабриката согласно укажаната потреба и по проценка на стручните лица.
  • На ден 03.11.2020 еден нов вработен од Фабрика 2 позитивен на вирусот, но и еден вработен од Фабрика 3 целосно оздравен. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 02.11.2020 регистрирани се 3 вработени од Фабрика 1 и Фабрика 2, позитивни на корона вирусот. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.

Октомври:

  • На ден 30.10.2020 регистриран е 1 вработен од фабрика 1 позитивен на корона вирусот. Во тој дел се преземаат мерки за идентификување на контактите и ќе се преземат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 28.10.2020 регистрирани се 2 вработени позитивни на корона вирусот, 1 од фабрика 1 и 1 од фабрика 2. Се преземаат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 27.10.2020 1 вработен од фабрика 1 е позитивен на корона вирусот. Во тој дел се преземаат мерки за идентификување на контактите и ќе се преземат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 20.10. и 21.10.2020 3 вработени се целосно излекувани од корона вирусот.
  • На ден 19.10.2020 год, 1 вработен од фабрика 2 е позитивен на корона вирусот. Во истата фабрика денес има имаме 1 излекувана вработена.
  • На ден 16.10.2020 год, 1 вработен од фабрика 1 РЕ Чоколада е позитивен на корона вирусот. Во тој дел се преземаат мерки за идентификување на контактите и ќе се преземат сите потребни активности согласно протоколите.
  • На ден 15.10.2020 2 вработени се излекувани.
  • На ден 14.10.2020 год, 1 вработен од Фабрика 3 е позитивен на корона вирусот. Во тој дел се преземаат мерки за идентификување на контактите и ќе се преземат сите потребни активности согласно протоколите. Денес имаме и една вработена која е излечена.
  • На ден 09.10.2020 год, тројца наши вработени се излечени од вирусот. Се надеваме дека, почитувајќи ги мерките, ќе превенираме појава на нови случаи и ќе придонесеме за здрава и безбедна работна средина.
  • На ден 06.10.2020 год, 1 вработен од фабрика 1 РЕ Чоколада е позитивен на корона вирусот. Истиот не доаѓа на работа веќе седум дена, идентификувани се контактите и постапено е согласно протоколите. Во изминатите неколку денови и денес имаме повеќе лица кои успешно се излекуваа и веќе почнаа да работат.
  • На ден 05.10.2020 год, двајца вработени од тие кои беа позитивни на корона вируст успешно го пребродија вирусот и се вратија на работните места. Тројца наши вработени се во самоизолација заради контакт со лице заболено од корона вирус.

Септември:

  • На 01.10.2020 г регистрирана е 1 вработена во фабрика 1 РЕ Чоколада, позитивна на корона вирус. Оваа работничка веќе 13 дена не доаѓа на работа, идентификувани се поблиските контакти и со нив ќе се постапи во согласност со протоколите. Добра вест е тоа што денес имаме една оздравена работничка од Фабрика 2, која од утре се враќа на работното место.
  • На 30.09.2020 г регистрирана е 1 вработена во фабрика 1 РЕ Чоколада, позитивна на корона вирус. Оваа работничка веќе 12 дена не доаѓа на работа, идентификувани се поблиските контакти и со нив ќе се постапи во согласност со протоколите.
  • На 25.09.2020 г регистрирани се 2 вработени позитивни на корона вирус, 1 во фабрика 1 РЕ Чоколада и 1 во фабрика 2 Техничко одржување. Идентификувани се поблиските контакти и со нив ќе се постапи во согласност со протоколите.
  • На 23.09.2020 г регистрирани се 2 вработени во фабрика 1 РЕ Чоколада, позитивни на корона вирус. Идентификувани се поблиските контакти и со нив ќе се постапи во согласност со протоколите.
  • На ден 22.09.2020 година беше дојавено дека уште едно лице од Снекс производи е позитивно на корона вирусот. Работодавачот, покрај редовните активности, презеде дополнителни построги мерки за контрола и спречување на ширењето на вирусот во организацијата.
  • Од спроведениот скрининг кај вкупно пет нови работници беше утврден позитивен резултат на ковид-19. Со оглед на претходното, од превентивни причини беше донесена одлука конкретниот погон да продолжи со работа на 28.09.2020 година, а до тој момент сите вработени од погонот да бидат ослободени. Сите лица активно се контактираат од страна на службата за човечки ресурси, а во однос на следењето на нивната здравствена состојба. Со цел одржување на високо ниво на безбедност на работните места, работодавачот донесе одлука да се преземат низа дополнителни мерки и активности за построг пристап во поглед на почитувањето на барањата во компанијата за заштита од вирусот.
  • Заради појавен нов случај на позитивна вработена со корона вирус на ден 17.09.2020 во Фабрика 2 (РЕ Снекс производи), на 18.09.2020, во текот на денот, со почеток од 8.30 часот, ќе се спроведе скрининг за сите вработени во оваа РЕ преку овластената лабораторија Авицена. Во наредните три денови нема да се работи во наведената РЕ.
  • Заради фактот што на ден 17.09.2020 еден наш вработен од котлара во Фабрика-3 во Штип е позитивен на Ковид-19, во согласност со процедурите се врши дезинфекција на просториите во тој дел (во согласност со протоколите и проценката на стручните лица). Се идентификуваат можните контакти и со истите ќе биде постапено согласно утврдената интерна процедура во друштвото.
  • Заради појавен случај на ново позитивно лице од ковид-19 (вработено во еден од погоните во Фабрика 2), на ден 12.09.2020 година беше донесена интерна одлука за времено отстранување од работа (до 21.09.2020 година) на сите лица кои работеле во смената со ова лице. Одделот за човечки ресурси активно и на дневна основа ќе ја следи состојбата на вработените и врз таа основа ќе се предлагаат и донесуваат дополнителни мерки. Согласно интерните процедури, на ден 13.09.2020 година беше извршена целосна дезинфекција на просториите во кои работело лицето, како и на работничката менза. Дезинфекцијата ја спроведоа стручни лица од „Приматекс“ Скопје. Преземените активности се од превентивна природа и во насока на обезбедување на колективното здравје и безбедност во компанијата.

Јули и август:

  • Издаден е Налог за преземање на мерки и активности за здравјето и безбедноста на вработените
  • Спроведена е посебна Изјава за заштита од КОВИД 19 и истата е потпишана од страна на сите вработени
  • На 10.07.2020 година и 30.07.2020 година направена е целосна дезинфекција во фабрика 3 (Управна града, рафинерија, магацини, линија, пречистителна станица, ресторан и менза) од страна на Приматекс ДООЕЛ
  • На ден 30.07.2020 година, извршен е скрининг на сите вработени во Фабрика 3 Штип (63 вработени), Обезбедување ФБИ-Џ (4 вработени), како и на вработените во ресторан ДОН Владо (4 вработени), од страна на надворешна овластена лабораторија  ПЦУ Авицена. Од извршениот скрининг само кај едно лице беше утврден позитивен тест на КОВИД 19 и беа спроведени сите потребни мерки и активности.

Јуни:

  • На ден 13.06.2020 година беше извршена комплетна дезинфекција на работничката менза во Фабрика 1.
  • На ден 12.06.2020 година беше извршен скрининг со надворешна овластена лабораторија на 62 вработени во Витаминка, а заради појавен позитивен случај кај вработена. Сите тестови беа негативни и вработените продолжија со редовна работа на 15.06.2020 година.

Мај:

  • На 22.05.2020 година во определена просторија во Фабрика 2, хала 1, извршено е тестирање/скрининг на 100 вработени во неколку погони во Фабрика 2. Тестирањето е иницирано после појавениот позитивен случај на вработен. Скринингот го спроведе Биотек од Скопје. Цената на еден тест изнесува 3.160,00 денари и во целост е покриена од Витаминка. Тестовите се високо сензитивни. Вработените опфатени со тестирањето носеа заштитни маски и држеа дистанца на утврденото место. Сите тестирани вработени имаат негативни резултати.
  • На ден 20.05.2020 година беше донесена одлука истиот ден да биде неработен ден за вработените во неколку погони заради вршење тотална дезинфекција со надворешна служба како превентива по појавен позитивен случај кај вработено лице.
  • Од 11.05.2020 г. Витаминка започнува со тросменско работење во фабрика 1 и фабрика 2.
  • Од 04.05.2020 г. Витаминка започна со двосменско работење во два од своите погони во фабрика 1: Цевитана и Пудинзи. Ваквото работење се одвива од понеделник до петок.

Април:

  • Следејќи ги препораките на Владата за ограничено движење на граѓаните и редукција на вработените, од 21.04.2020 г. Витаминка воведе едносменско работење во своите погони во фабриките 1, 2 и 3 и тоа од 06-15 часот. Ваквиот начин на работа ќе се одвива до 07.05.2020 г.
  • Витаминка ги награди своите вработени во Производство, Логистика и Транспорт за посебно залагање во кризен период со 10% од основната плата, со исплатата на платата за месец март 2020 година.
  • На ден 14.04.2020 година П.И.„Витаминка“ АД Прилеп донесе одлука за организирање на работата во сите производни погони во една смена, почнувајќи од 21.04.2020 година до 07.05.2020 година. Целта е редуцирање на бројот на вработени заради превенирање на можно ширење на заразата. На овој начин поголемиот број од вработените, односно оние што нема да работат по распоред во дадената недела-две, се упатуваат да користат годишен одмор и да се подложат на самоизолација.
  • На 13.04.2020 година во 12:30 часот беше направена дезинфекција во административните згради, при што сите вработени ги напуштија работните простории.
  • На 13.04.2020 година во прва смена беше направена дезинфекција на сите производствени погони во фабрика 1, а работата започна со втора смена.
  • На 10.04.2020 година беше направена тотална дезинфекција во Фабрика 2 на сите магацини, производствени погони, помошни простории, менза и канцеларии. Фабрика 2 почна со работа во понеделник 13.04.2020г со прва смена.
  • На 07.04.2020 година, Витаминка донесе одлука за утврдување на привремен распоред на работно време во фабрика 1 и фабрика 2, со почеток од 08.04.2020 г. се до завршување на вонредната состојба. Работењето се организира само во работните денови од понеделник до петок. Деновите од викендот нема да се работат.
  • На 06.04.2020 година е направена дезинфекција на административните згради во фабрика 1. Со работа се продолжува на 07.04.2020 година.
  • На 06.04.2020 наутро е направена дезинфекција на фабрика 1 и со работа се започна истиот ден со втора смена.
  • На 03.04.2020 г. беше извршена дезинфекција на сите погони, гардеробери и тоалети во фабрика 2. Објектот започна со работа со прва смена на 06.04.2020 година.
  • Со почеток од 03.04.2020 година за сите вработени во производство наложено е користење на заштитни визири покрај постоечката заштитна опрема.
  • Во периодот од 03.04.-05.04.2020 година донесена е интерна одлука за забрана за работа на Фабрика 1 и Фабрика 2 (72 часа) заради спроведување превентивна тотална дезинфекција со надворешно овластено лице „Приматекс“.
  • На ден 02.04.2020 година беше донесена одлука за ставање во самоизолација на сите вработени од погонот за Зачини во Фабрика 2, а заради превентива од појавен позитивен случај кај вработено лице, но кое сепак отсуствувало повеќе од една недела од работното место. Контактирани се здравствените власти и во целост е постапено по сите нивни препораки. Преземени се и многу поголеми мерки од тие што се наложени со протоколите.
  • На 01.04.2020 година, беа изготвени и доставени до Стопанската комора на Македонија предлог мерки и активности за помагање на стопанството во вакви кризни услови на работа;

Март:

  • На ден 30.03.2020 година донесена е одлука за помасовно користење годишни одмори за вработените во производните погони во наредниот период, а согласно утврден план. Целта е редуцирање на бројот на луѓе и намалување на можноста за зараза.
  • На 25.03.2020 година за сите вработени во производството беше проследена на потпис изјава дека се запознаени со преземените мерки и активности за Ковид-19 и дека им се обезбедени потребните средства за заштита, а заради зголемување на свеста кај самите вработени за оваа појава.
  • На 23.03.2020 година врвниот менаџмент до секторските раководители препорача воведување практика на работа од дома, таму каде што е применливо, а во функција на редуцирање на бројот на вработени на работните места и намалување на опасноста од зараза. Паралелно беше издадено и упатство за начинот на работа од дома.
  • На 22.03.2020 година беше формирана Viber група (именувана како Vitaminka INFO Covid-19) во која учествуваат 94 вработени (раководни лица, административни работници и други лица кои имаат службени телефони), за брзо информирање за сите состојби на овој план и на истата постојано се споделуваат различни информации.
  • На 19.03.2020 година, беа изготвени и доставени до Стопанската комора на Македонија предлог мерки и активности за помагање на стопанството во вакви кризни услови на работа;
  • На 18.03.2020 година до сите членови на Оперативниот тим беше доставена информација за правното значење на вонредната состојба.
  • На 17.03.2020 година, преку истакнати писмени соопштенија во сите погони, повторно се потенцира обврската за максимално доследно носење на работната и заштитната облека, обувки и опрема во погоните и на другите места каде што таква е пропишана или дополнително определена, а согласно со интерните акти на друштвото.
  • На 17.03.2020 година сите вработени беа известени со писмено соопштение на огласните табли за начинот на електронска или телефонска комуникација со административните служби за секаква потреба (лична или службена).
  • Со почеток од 17.03.2020 година за сите надворешни лица преку службата за обезбедување се спроведува анкета и се мери термпература со новонабавени далечински топломери. Доколку од анкетата и од топломерот се појават резултати кои можат да укажуваат на болест, се забранува посетата на лицата. Сите надворешни лица при влез добиваат и информативни флаери изработени од страна на службата за обезбедување квалитет на „Витаминка“ АД.
  • Од 17.03.2020 година во соработка со надворешна служба, покрај постоечките мерки и активности, се организираше дополнителна зајакната дезинфекција на сите тоалети, ходници, скали, соблекувални, канцеларии и сл. во фабриката (секој нејзин дел), сé додека траат вонредните околности. Дезинфекцијата се спроведува два пати во денот (наутро и попладне). Дезинфекција на сите производни простории и помошните простории во овој дел, се врши 3-4 пати на ден од страна на Техничкиот сектор и секторот за Контрола на квалитет.
  • Со почеток од 16.03.2020 година организирано е делење на храната во работничките мензи во поголеми временски интервали и специјална организација по организациони единици, но и со редуцирање на бројот на лица по маси и ставање во функција дополнителен простор за оваа намена.
  • На 16.03.2020 година, се одржа состанок на Оперативниот тим заради утврдување дополнителни мерки и активности за зголемена заштита од Ковид-19. Врз основа на заклучоците од тој состанок беа изработени и дистрибуирани работни упатства за одржување хигиена на возила сопственост на „Витаминка“ и работно упатство за дезинфекција на надворешни возила во врска со корона вирусот. Со претходното, на сите влезови/излези од фабриката се започна со вршење дезинфекција на возила со специјални средства за таа намена. Дезинфекцијата ја вршат специјално одредени вработени со помош на службата за обезбедување, а за тоа беше проследена информација и до добавувачи, купувачи и други лица.
  • На 16.03.2020 година ставени се во функција зголемен број дезобариери при влез во фабриката, погоните и управните згради.
  • Од страна на службите тековно се следи состојбата со неопходните (проценетите) потребни залихи со заштитни средства и средства за дезинфекција и согласно потребите се врши навремено дополнување.
  • Со почеток од 13.03.2020 година забранети се сите посети на вработени во административните служби, со исклучок на ургентните потреби и се издадени препораки за електронска и телефонска комуникација и координација.
  • За сите преземени мерки и активности по писмен пат (на 13.03.2020 година) беа информирани службите за обезбедување, лицата што вршат достава и послужување на храна, надворешниот партнер што врши превоз на вработени и службата за одржување хигиена.
  • На 13.03.2020 година, следејќи ги препораките на државните органи и препораките на Светската здравствена организација, Витаминка на цел стручен колегиум (педесетина лица) има наложи во наредниот период максимално да ги редуцираат посетите од надворешни лица (без разлика од каде доаѓаат и во колкав број). Доколку одредена посета е итна и неодложна, средбите да се реализираат на фабричка капија или преку Skype конференција или на трет погоден начин. Притоа, уште еднаш се укажа на обврската за максимално доследно почитување на веќе дистрибуираните препораки за постапување во услови на корона вирус, одржување високо ниво на хигиена, избегнување на ризично однесување и блиски контакти со лица кои доаѓаат и/или на било каков начин се поврзани со земји со ризик. Паралелно се откажаа/одложија сите службени патувања на вработени од „Витаминка“ АД во странство и се забранија посетите на странци во „Витаминка“, со исклучок на возачи кои дистрибуираат стоки (согласно државните политики во оваа сфера). Се ограничија сите интерни состаноци, обуки и собири во поголем формат и се препорача on-line комуникација, како внатрешно, така и надворешно. Максимално се редуцираа посетите на надворешни лица и возила (од државава) на „Витаминка“ и вообичаените контакти се реализираат преку фабричките капии по запазена процедура.
  • На 13.03.2020 година, до сите раководни лица во „Витаминка“ и до раководните лица во производните погони, по електронски пат беше проследено Упатство за правилна домашна самоизолација во врска со Ковид-19;
  • На 12.03.2020 година беа изготвени и доставени до Стопанската комора на Македонија предлог мерки и активности за помагање на стопанството во вакви кризни услови на работа;
  • На 12.03.2020 година, беше спроведена анкета за здравствената состојба на сите вработени, патувања во средно и високо ризични подрачја зафатени со вирусот и контакт со лица од таквите подрачја, па врз основа на таквата анкета превентивно беа преземени мерки за отстранување од работа (почитување на период за самоизолација) на неколку лица (кои во секој случај немаа никакви симптоми, ниту лично, ниту во семејството). Забраната за доаѓање на работа важи за сите лица и понатаму (до промена на состојбите во позитивен правец), кои на било каков начин, директно или индиректно, биле во контакт со заразено лице или со лице кое престојувало во регион со ризик или самите престојувале во таков регион.
  • На 11.03.2020 година, беше воведена забрана за прием на надворешни лица (вработени кај добавувачи, купувачи и сл.) во работничките мензи. Оваа забрана истовремено беше и барање до вработените на „Витаминка“ во фабричката менза, но и до ангажираните партнери за кетеринг услуги, да обезбедат највисоки стандарди во поглед на тоа сите лица да бидат целосно заштитени со ракавици и заштитни маски и да се одржува максимално високо ниво на хигиенските стандарди. Најстрого се забрани ангажман за делење храна на лице кое има било каков симптом кој може да укажува на присуство на вирусот или на било кој начин дошол во контакт со такво лице и/или престојувал во некој ризичен регион.
  • Со почеток од 10.03.2020 година, согласно препораките на Владата, беше донесено Упатство за постапување. Согласно ова Упатство, вработените со деца до 10 годишна возраст, доколку имаат потреба да отсуствуваат од работно место, по доставена целосна документација (потврда дека детето оди во градинка или училиште, потврда од работодавачот на другиот брачен партнер дека тоа лице не може да отсуствува од работа во наведениот период и специјална изјава), се ослободуваат од работа. Препораките се во насока на тоа, доколку е возможно, лицата да можат да се заменуваат со отсуствата со другиот брачен другар (на неделно или дневно ниво заради намалување на загубите). „Витаминка“ АД го задржува правото да воспостави и друга организација на работното време, а заради излегување пресрет на барањата на вработените. Вработените пак, преземаат обврска, да дадат вистинити податоци за состојбите, како и обврска да излезат во пресрет на барањата на компанијата за реализација на одредени итни работи. Од работа се ослободени бремените работнички и вработени со потврдени хронични болести (за двете групи работници, на база на основна медицинска документација). Целта е во целост да се исполнат препораките на државните органи во овој дел и да се излезе во пресрет на вработените, но од друга страна и да не се причини штета врз работните процеси. По овој основ континуирано во наредните денови беа ослободени поголем број вработени (кој на 02.04.2020 година изнесува 68 лица).
  • На 10.03.2020 година беа поставени посебни дезинфекциони средства (Ecosal forte или Алкохол 70%) на сите влезови/излези во фабриките (1, 2 и 3), но во сите санитарни јазли, како и административни простории;
  • На 10.03.2020 година до сите раководни лица во Техничкиот сектор и секторот за Контрола на квалитет, но и до Координаторот за квалитет, беше издаден Налог со прецизни упатства како да се постапува во услови на епидемија со Ковид-19.
  • Во првите денови од месец март 2020 година се пристапи кон едукација на вработените за максимално доследна примена на потребни хигиенски навики, а со цел намалување на ризиците од појава на COVID-19. Во таа смисла, во сите погони и влезови во фабриката, но и на други видни места, беа истакнати информативни табли со важни информации за превенција од ширење на болеста.

Февруари

  • На 27.02.2020 година, врз основа на сознанијата за состојбите во Светот, на сите огласни табли во сите деловни единици на друштвото, беше објавена информација со најдобри практики препорачани од СЗО со наслов: „Како да го намалиме ризикот од заразни болести, вклучително корона вирус?“ Покрај тоа, оваа информација беше испратена по електронски пат од страна на службата за човечки ресурси, до сите вработени кои имаат пријавено e-mail адреса за добивање информативни содржини;

Ова се само дел од мерките и активностите што од страна на „Витаминка“ АД Прилеп се преземени во период од неколку денови, сметано од датумот на издавањето на препораките од државните органи, но и на база на претходните сознанија. Ситуацијата активно се следи и по потреба ќе се воведуваат нови или менуваат/дополнуваат преземените мерки и активности. Најважно е нашите вработени, односно сите ние, да се однесуваме максимално сериозно и совесно во оваа стуација и целосно, максимално доследно, да се придржуваме до сé она што е утврдено и се бара за заштита од вирусот, сé додека има околности кои упатуваат на таков начин на постапување и контрола.

П.И.„Витаминка“ АД Прилеп