Искуството на Витаминка од примената на D365 Finance & Operations

Витаминка е една од првите компании која што го имплементира Dynamics 365 Finance & Operations софтверот со цел подобрување на работата од оперативен и финансиски аспект. Со тоа Витаминка го започна патот кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање.
Искуството на Витаминка покажа дека инвестицијата во најновите технологии е значаен придонес за подобрување на оперативната ефикасност, модернизација на операциите, унапредување на производниот процес, подобро корисничко искуство и можности за раст и следење на иновативните светски трендови.

Предизвиците пред имплементацијата се далеку поголеми од оние по имплементацијата, според Васко Наумоски, ИТ менаџер во Витаминка и одговорен за имплементација на Dynamics 365 системот. На оваа тема Наумоски ги сподели заклучоците на DUG (Dynamics User Group) Adriatic’s Dynamics 365 & Power Platform Community Meetup што викендов се одржа во Скопје.

„Патувањето за имплементација на D365 Finance & Operations ја истакна големината на предизвиците со кои се соочувавме пред примената. Со започнувањето на етапната примената на овој напреден систем, од фаза во фаза ја гледавме трансформацијата на оперативноста и се запознававме со предностите што ги нуди“, истакна Наумоски.

Тој ги сподели клучните научени лекции и тековните прилагодувања направени за одржување на планираните продажни перформанси на компанијата.

ГАЛЕРИЈА - Искуството на Витаминка од примената на D365 Finance & Operations