„Кога во Крушево“ уживаа во производите на Витаминка

Уште една година љубителите на возбудата и активностите во природа се собраа во Крушево на фестивалот When in Krusevo 2024. Летање со параглајдер од Мечкин Камен, искачување вештачка карпа, јавање коњи, возење кајак, планинска велосипедска трка и други адреналински активности беа само дел од понудата што секоја година ги очекува посетителите. Убавините на Крушево, потенцијалот за алтернативен туризам, како и живите традиции се само дел од она што ги привлекува посетителите во Крушево. Витаминка како општествено одговорна компанија која секогаш поддржува вакви иницијативи и оваа година беше еден од поддржувачите на овој традиционален аутдор фестивал. Посетителите уживаа од 5 до 7 јули во сите подготвени активности, но и во неодоливите вкусови на познатите Витаминка производи. Секој престој во природа, секоја активност е многу полесна и позабавна кога омилените Витаминка производи се дел од нив. За енергија или за освежување, дел од производите на Витаминка се нераскинлив дел од секоја активност во природа, независно од возраста, типот на активност и амбиентот.

„Кога во Крушево“ уживаа во производите на Витаминка