Обука за противпожарна заштита во Витаминка

Во Витаминка се одржа обука за противпожарна заштита со учество на дел од тимовите за спасување и безбедност при работа, спроведена од инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување.
Преку теоретски и практични вежби, вработените имаа можност да се запознаат со начините на превенција, рано препознавање и правилна реакција при пожар. Ваквите обуки се од особено значење, бидејќи превентивното делување и навремената реакција можат да спречат сериозни последици и да спасат животи и имот. Континуираната едукација е дел од заложбата на Витаминка за безбедна, подготвена и одговорна работна средина!

ГАЛЕРИЈА - Обука за противпожарна заштита во Витаминка