
Петнаесетина ученици од трета година од профилот Техничар Нутриционист од Хемиско – технолошката струка при СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп ја посетија нашата лабораторија.
Целта на посетата беше учениците во рамките на својата практична настава да се запознаат со постапките и технолошките процеси за добивање кондиторски производи, како и следење анализа во Хемиската лабораторија на Витаминка.
Директорот на контролно-развојна лабораторија Натали Петреска, ги запозна учениците и нивните професори со работата на лабораторијата и мерните инструменти.
Беа направени неколку испитувања за квалитетот на некои суровини, а учениците беа запознати и со дел од правилата на испитување на суровините, полупроизводите и амбалажата.
Средношколците пробаа и дел од нашата широка палета вкусни и квалитетни производи.