Јубилејни благодарници за придонес во развојот на библиотеката „Борка Талески“

По повод јубилејот – 80 години успешен и континуиран развој, во библиотеката „Борка Талески“ денеска се одржа свечена академија. На настанот, директорката Андриана Ристеска им врачи благодарници на најистакнатите соработници, институции, донатори и поранешни директори кои со својата посветеност придонеле за напредокот на оваа значајна културна установа.

Меѓу добитниците на благодарници е и Витаминка АД Прилеп, како компанија која континуирано го поддржува културниот развој и работата на библиотеката. На свеченоста, Витаминка ја претставуваше Душица Неделкоска, Маркетинг и ПР координатор, која ја прими благодарницата во име на компанијата.

Свечената академија ја збогатија присуството на претставници од релевантни институции, културни и општествени дејци, почитувачи на делото на библиотеката, колеги од други градски библиотеки, поранешни вработени, како и членови на семејствата на поранешни директори, на кои постхумно им беа врачени признанија.