
Деновиве беше реализирана уште една ученичка посета во просториите на Витаминка. Овој пат од страна на учениците од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, од трета година, насока Техничар нутриционист, Хемиско-технолошка струка. Нивната едукација и практична настава се одвиваше во лабораторијата каде што од страна на Олга Ристеска и Верица Кочовска им беа објаснети и демонстрирани процесите кои што се задолжителни и дел од секојдневната работата на хемиската лабораторија.
Беа направени неколку испитувања за квалитетот на некои суровини, а учениците беа запознати и со дел од правилата на испитување на суровините, полупроизводите и амбалажата.
Силва Цветаноска, пак, технолог ги запознаа учениците со технологијата на правење чоколада и составот на чоколадото.
Посетителите беа почестени и со производи на Витаминка.