(Прилеп, 22.12.2022) – Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Прилеп за потребите на училишната лабораторија доби донација од Витаминка, лабораториска опрема. Станува збор за нова и за користена но функционална опрема на која што учениците ќе може да учат но и да изведуваат потребни експерименти соодветно наставниот план.
„Донацијата се состои од: микроскоп и аналитичка вага, различни лабораториски садови, реагенси за изведување на лабораториски експерименти, со што ќе допринесеме за подобро и поквалитетно образование на нашите идни лекари, медицински сестри, фармацевти, технолози“, изјави Натали Петреска, директор на Контрола во Витаминка.
Витаминка има воспоставено редовна соработка со локалните основни и средни училишта во рамките на што често одговара на потребите на училиштата со разни донации и помош, но и со едукативни тури во капацитетите на компанијата каде што учениците се запознаваат со процесите и методите на Витаминка коишто им се предмет на изучување.