Витаминка АД Прилеп воведува нова мерка за поддршка на своите вработени

Во согласност со заложбите за создавање работна средина која овозможува подобар баланс помеѓу професионалниот и семејниот живот, Витаминка АД Прилеп донесе одлука за воведување нова мерка со која дополнително ќе се поддржат своите вработени.

Почнувајќи од 1 јули 2025 година, компанијата ќе доделува вредни подароци за секое новороденче на вработен, како и вредносен ваучер за купување бела техника за секој вработен што ќе склучи брак. Со оваа иницијатива, Витаминка ја потврдува својата заложба за општата благосостојба на вработените и нивните семејства.

Со оваа мерка, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата определба да инвестира во луѓето кои се двигател на нејзиниот успех.

ГАЛЕРИЈА - Витаминка АД Прилеп воведува нова мерка за поддршка на своите вработени