Витаминка домаќин на висока делегација од Република Узбекистан

Во рамки на меѓународна студиска програма, Витаминка беше посетена од висока делегација од Република Узбекистан, која престојува во Северна Македонија со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Посетата беше насочена кон запознавање со практичните искуства на македонските компании во областа на индустрискиот развој, унапредувањето на продуктивноста и примената на современи и одржливи решенија во производството. Во таа насока, гостите имаа можност одблиску да ги видат производствените капацитети на Витаминка и да слушнат повеќе за развојната стратегија, технолошките инвестиции и процесите што ја градат конкурентноста на компанијата.

Разговорите се одвиваа во отворена и конструктивна атмосфера, со фокус на конкретни практики и искуства што можат да се применат и во поширок регионален контекст.

Домаќини на делегацијата беа Жарко Качаков, директор на секторот за развој, Душица Неделкоска, маркетинг и ПР координатор, Орде Ѓорѓиоски, директор на секторот за правни и општи работи во Витаминка и Александар Ѓуроски, шеф во Извоз, кои ја претставија работата и развојните насоки на компанијата.

За Витаминка, ваквите посети претставуваат значајна можност за размена на знаење и продлабочување на меѓународната соработка.

ГАЛЕРИЈА - Витаминка домаќин на висока делегација од Република Узбекистан