Денеска, на 31 октомври се одржува 10 FMCG Summit во хотел Александар Палас. И оваа година нѐ очекува одлична програма со локални и регионални говорници на теми кои го засегаат малопродажниот сектор. Од продажба и преговарање, преку дигитализација и категориите производи и PL, до AI трендови и B2B комуникациски техники – годинешните говорници ги споделуваат искуствата и стратегиите за успешно делување во современиот бизнис амбиент.
Дел од програмата ја вклучува и панел дискусијата посветена на законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување, каде се разгледаат важни аспекти и предизвици со кои се соочуваме.
На годинешниот саем Витаминка учествува со присуство на нашите колеги Душица Неделкоска – маркетинг и ПР координатор, Душко Попски – регионален менаџер по продажба и Ангелчо Патоски – бренд менаџер.
Витаминка ја има честа да биде долгогодишен партнер на ИнСторе и Кликер маркетинг организатор на FMCG Summit за што на јубилејното, 10то издание ни беше врачена благодарница како признание за дадената поддршка и успешно партнерство.