Витаминка учествуваше на 7та Меѓународна научна конференција „Economic and Business Trends Shaping the Future“, која се одржува на 12 и 13 ноември 2026 година во Скопје, во организација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
На конференцијата тимот на Витаминка, воедно и тимот автори м-р Александар Ѓуроски, д-р Душица Неделкоска и Бранимир Димков го претставија научниот труд „Do Online Clicks Drive Real National and Export Sales? A Data-Backed Case Study in the Confectionery and Snack Industry“.
Истражувањето ја анализира поврзаноста меѓу резултатите од дигиталното рекламирање и реалните продажни показатели на Витаминка на три пазари – Македонија, Србија и Косово. Истражувањето ја нагласува важноста од интегрирано анализирање на маркетинг-показателите и реалните деловни резултати, земајќи ги предвид и другите фактори што влијаат врз продажбата.
За потребите на истражувањето се користени податоци од рекламните активности на Facebook и Instagram, како и интерни продажни податоци од ERP-системот на компанијата, споредбено во периодите јануари –ј уни 2026 год. и истиот период во 2025 год., со резултати кои покажуваат дека поголемата дигитална активност не нужно значи и поголем раст на продажбата.
Учеството на оваа меѓународна научна конференција претставува можност за споделување практични искуства и истражувачки сознанија од прехранбената индустрија, како и за поврзување на академското знаење со реалните деловни предизвици.
Со учеството на настани од овој тип, Витаминка ја потврдува својата посветеност на знаењето, истражувањето, користењето на дигиталните платформи во континуираното унапредување на деловните практики.