Витаминка на најголемиот трговски настан на македонскиот пазар – FMCG самит

Витаминка на најголемиот трговски настан на македонскиот пазар – FMCG самит

Претставници на Витаминка учествуваа на 11-тиот FMCG самит во Скопје, настан што во последнава декада прерасна во најголем трговски настан, обединувајќи го целиот малопродажен сектор.
Наши претставници на самитот на кој говореа десет врвни говорници од Македонија, регионот и од светот беа Душица Неделкоска и Христијан Печијарески и Кире Јовески, менаџери за клучни продавачи во Витаминка.
Етаблираните говорници споделија практични искуства, инспиративни приказни, релевантни истражувања и конкретни совети во однос на трансформацијата во секојдневното работење на компаниите.
Говорниците на самитот се осврнаа на ценовните стратегии и репозиционирањето на брендови, новите технологии во малопродажбата и дигиталната трансформација, промените во потрошувачките навики, in-store брендирањето и растот на дисконтерите кои го менуваат пазарот. Исто така, беа опфатени теми за перформанс менаџмент, лидерство и митовите во FMCG индустријата.
Со своето постојано присуство на вакви етаблирани настани, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата посветеност да биде во тек со најновите пазарни тенденции, трендови и иновации што го обликуваат FMCG секторот.

Витаминка на најголемиот трговски настан на македонскиот пазар - FMCG самит