Витаминка на TAIEX работилница за Употреба на коноп во производството на храна

Институтот за стандардизација на Македонија (ИСМ) одржа дво-дневна работилница „Употреба на коноп во производството на храна – Регулатива и стандарди“
(29–30 октомври, Скопје), преку инструментот на
ЕУ за техничка помош и размена на информации (TAIEX)
.
Настанот ги собра експертите, производителите и регулаторните институции за да дискутираат за најновите стандарди и регулативи, како и за практичната примена на коноп во храна. Во фокус беа иновативните производи – новел храна од коноп, кои нудат здрави, нутритивни и безбедни решенија за потрошувачите.
Работилницата ја потенцираше важноста на регулативата и безбедноста, како клуч за развој на домашниот пазар на производи од коноп и за поттикнување на иновации во прехранбената индустрија.