Со голема радост ја објавуваме нашата најнова соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) – партнерство кое ја обединува традицијата, посветеноста кон здравјето и љубовта кон спортот.
Како компанија која е дел од животот на многу генерации, Витаминка секогаш била двигател на здравите навики и активниот начин на живот. Денес, со особено задоволство стануваме поддржувачи на младинскиот фудбал и Детската лига – најголемата платформа за младински спорт во земјата, која инспирира илјадници деца да ги следат своите спортски соништа.
Нашето партнерство со ФФМ има јасна цел: да придонесеме за развојот на младите таленти, да ја поддржиме спортската култура и да поттикнеме здрав и активен начин на живеење од најрана возраст. Производите на Витаминка наменети за деца ќе бидат интегрирани во промотивните активности на Детската лига, со фокус на позитивното влијание што здравата исхрана и спортот го имаат врз растот и развојот на децата.
Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка, изјави:
„Со гордост стануваме дел од фудбалската приказна на Македонија. Преку поддршката на Детската лига, Витаминка ќе биде уште поблиску до децата и нивните семејства, придонесувајќи за нивната активна и здрава иднина. Ова партнерство е продолжение на нашата трајна посветеност кон заедницата и спортот.“
Заедно со ФФМ, ќе работиме на создавање на силна и инспиративна средина за развој на младите генерации – деца кои растат со вредности на фер плеј, тимска работа и здрав дух.
Добредој ФФМ – заедно градиме подобра и посилна иднина за нашите деца!