На ден 27.11.2025 година на Економскиот факултет во Прилеп при УКЛО, се одржа QUADRUPLE HELIX Форумот, за зајакнување на соработката помеѓу академската заедница, работодавачите, студентите и алумните од овој факултет.
На настанот свое обраќање имаше Директорот на правни и општи работи Орде Ѓорѓиоски, кој ги апострофира најважните аспекти на соработката помеѓу академијата и бизнис секторот, особено нагласувајќи ја потребата од постоење соодветни програми што ќе ги следат трендовите поврзани со дигитализацијата, новите технологии и иновациите, креирање соодветен модел дуално високо образование, но и потребата од поттикнување и поддршка на младинското претприемништво, во функција на отворање нови бизниси коишто ќе прераснат во добавувачи на компаниите кои работат во градот и околината.
Свое учество на настанот имаше и Финансискиот директор Иван Стрезоски, кој беше вклучен во работата на работните групи за изготвување предлози за подобрување на актуелните наставни програми на факултетот.