Витаминка второ место во Бизнис лигата во мал фудбал – Прилеп 2025

По повеќе од 8 месеци натпреварувања, изиграни над 25 натпревари екипата на Витаминка го освои второто место во Бизнис лигата во мал фудбал во Прилеп. Турнирот започна во октомври и вклучуваше 17 кола по систем „секој со секого“, по што следеше елиминационен плеј-оф.

Витаминка имаше одлични резултати:

1/16 финале: Витаминка – Пошти 3:0

1/8 финале: Витаминка – Кабелнет 3:0

1/4 финале: Витаминка – Мермер 3:1

1/2 финале: Витаминка – Електроелемент Паркетари 4:1

Финалниот натпревар против СОНК се одигра во салата „Еврогол-арена“ кај Градскиот базен, на последниот ден од лигата што собра 18 екипи, меѓу кои и поранешни првотимци на ФК Победа.

Учеството на Витаминка беше водено од желбата за промоција на спортски дух, здрави навики и нови пријателства во заедницата. „Целта ни беше фер и коректна игра, да бидеме позитивен пример за Прилеп. Покажавме дека сме фер и спортска екипа во која владее тимски дух, со цврст карактер, без ниту една црна дамка во било кој сегмент како на теренот така и надвор од него, а тоа е днк на една од најуспешните компании во Прилеп, Македонија и Балканот – Витаминка“, велат од екипата.

Витаминка ја заврши сезоната гордо, како финалист и како поддржувач на спортот во Прилеп.

Турнир