На Економскиот факултет во Прилеп се одржа првиот академски час при што бруцошите беа поздравени со порака дека е чест, но и голема обврска да се влезе и да се стане дел од академскиот свет. Покрај поттикот до студентите дека влегувајќи во новата развојна етапа која бара посветеност, истрајност и фокусираност на целта, стануваат дел од суштински промени кои ќе донесат големи предности за заедницата и општеството, пред новите предизвици беа дополнително стимулирани. За идните академски граѓани, економисти, експерти и професионалци беа доделени 30 вредносни ваучери, од кои еден од Витаминка.
„Витаминка како општествено одговорна компанија и посебно како компанија што се грижи за иднината на младите луѓе, високо ги вреднува образованието и квалитетната едукација. Како дел од оваа грижа, компанијата и оваа година додели вредносен ваучер за студент на Економскиот факултет во Прилеп со цел да мотивира и поттикне младите луѓе да го продолжат својот образовен пат кон реализација на личните професионални амбиции. На тој начин, преку овозможување и поголема достапност на квалитетно образование, придонесуваме за подобрување на општите состојби во заедницата и во државата“, истакна Душица Неделкоска, Маркетинг и ПР Координатор во Витаминка.