Група студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп ја посети Витаминка. Предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска, тие се запознаа со логистичките активности на Витаминка, со начинот на прием, складирање и подготвување на готови производи со сите дополнителни логистички податоци за следливост и контрола на процесот.
Студентите беа пречекани од одговорниот за маркетинг Душица Неделкоска, која накратко ги запозна со почетоците и растот на овој прехранбен гигант во Македонија и регионот, со промотивните активности и новите производи кои излегоа на пазарот последните неколку месеци, со структурата на вработените во компанијата, како и организациската поставеност.
Љупчо Велески, директор на сектор Извоз, се осврна на логистичкиот пат на сите влезни и излезни инпути во Витаминка, на разликите во логистичката поддршка во Македонија и во соседните земји, на постојаната контрола на суровините, полупроизводите и производите во Витаминка од аспект на логистичка поставеност, управувањето со синџирот на снабдување, како и интерните комуникации. Тој ги запозна студентите и со начинот на договарање и испорака на приватни марки.
Васко Наумоски, проект менаџер во ИТ одделот, говореше пред студентите за алатките за следливост и контрола на процесот на прием и движење на инпутите во фабриката, ги запозна со нашиот ЕРП систем, начинот на обележување на логистичките податоци и во магацините и на палетите. Говореше и за ЕДИ системот за електронска размена на информации кој е се поактуелен во периодов и за начинот на анализа на извештаи за гореспоменатите процеси преку софтвер за извештаи.
Студентите посетија и еден од магацините во Витаминка и со шефот на магацинот Билјана Маркоска практично видоа дел од овие процеси.
Размена на знаења и искуства за новите предизвици во прехранбената индустрија Од 11 до 14 ноември, во Цриквеница, Хрватска, се одржува 6. меѓународен конгрес „Храна и здравје“, на кој се среќаваат научници, стручњаци и претставници од прехранбената индустрија за да ги разгледаат актуелните прашања и предизвици поврзани со производството, безбедноста и квалитетот на храната. На … Повеќе
Витаминка учествуваше на 7та Меѓународна научна конференција „Economic and Business Trends Shaping the Future“, која се одржува на 12 и 13 ноември 2026 година во Скопје, во организација на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На конференцијата тимот на Витаминка, воедно и тимот автори м-р Александар Ѓуроски, д-р Душица Неделкоска и Бранимир Димков … Повеќе
Витаминка ја отвори својата прва продавница во центарот на Прилеп, со што прави нов чекор во развојот на своето малопродажно присуство и во унапредувањето на непосредната поврзаност со потрошувачите. Во продажниот простор на булевар „Гоце Делчев“ бр. 28 е достапно целокупното портфолио на производи на компанијата. Отворањето на продавницата во градот во кој компанијата ја … Повеќе
Витаминка е меѓу домашните компании што го поддржаа филмот „Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски, којшто ја освои главната награда „Токио Гран при“ на Меѓународниот филмски фестивал во Токио. Овој успех претставува значајно меѓународно признание за македонската кинематографија, а за Витаминка уште еден повод да ја истакне важноста на поддршката на домашната култура и … Повеќе