Група студенти од трета година при Економскиот факултет во Прилеп ја посети Витаминка. Предводени од предметниот наставник по Бизнис логистика Марика Башеска Ѓорѓиеска, тие се запознаа со логистичките активности на Витаминка, со начинот на прием, складирање и подготвување на готови производи со сите дополнителни логистички податоци за следливост и контрола на процесот.
Студентите беа пречекани од одговорниот за маркетинг Душица Неделкоска, која накратко ги запозна со почетоците и растот на овој прехранбен гигант во Македонија и регионот, со промотивните активности и новите производи кои излегоа на пазарот последните неколку месеци, со структурата на вработените во компанијата, како и организациската поставеност.
Љупчо Велески, директор на сектор Извоз, се осврна на логистичкиот пат на сите влезни и излезни инпути во Витаминка, на разликите во логистичката поддршка во Македонија и во соседните земји, на постојаната контрола на суровините, полупроизводите и производите во Витаминка од аспект на логистичка поставеност, управувањето со синџирот на снабдување, како и интерните комуникации. Тој ги запозна студентите и со начинот на договарање и испорака на приватни марки.
Васко Наумоски, проект менаџер во ИТ одделот, говореше пред студентите за алатките за следливост и контрола на процесот на прием и движење на инпутите во фабриката, ги запозна со нашиот ЕРП систем, начинот на обележување на логистичките податоци и во магацините и на палетите. Говореше и за ЕДИ системот за електронска размена на информации кој е се поактуелен во периодов и за начинот на анализа на извештаи за гореспоменатите процеси преку софтвер за извештаи.
Студентите посетија и еден од магацините во Витаминка и со шефот на магацинот Билјана Маркоска практично видоа дел од овие процеси.
По речиси 50 години препознатлив изглед, Стоби Флипс добива редизајнирано пакување, освежено во духот на современото време. Промената го задржува она што со децении е дел од неговата препознатливост, а оригиналниот вкус што го познаваат генерации потрошувачи останува непроменет. Во основата на редизајнот е идејата да се зачуваат корените и наследството на Стоби Флипс, а … Повеќе
На првиот ден од новата академска година, 1 октомври 2026 година, на Економскиот факултет во Прилеп свечено беше отворен новиот ВИТА-ХАБ, чија реконструкција и целосно опремување беа реализирани со финансиска поддршка од „Витаминка“ АД Прилеп и благодарение на заложбите на генералниот извршен директор, Сашо Наумоски. На свеченоста присуствуваше Орде Ѓорѓиоски, директор на правни работи и … Повеќе
Ученици од прилепските средни училишта своите храбри бизнис идеи ги презентираа пред претставници на бизнис-секторот, професори, ментори и искусни претприемачи. Ние како македонска компанија силно веруваме во потенцијалот и силниот претприемнички дух на идната генерација, како свежа сила во развојот на локалната економија. Со задоволство споделуваме дека Душица Неделкоска од Секторот за маркетинг во Витаминка … Повеќе
Со голема радост и оваа година ги изненадивме првачињата на нашите вработени! За нивниот прв чекор во училишните клупи подготвивме нови ранци исполнети со целосен училишен прибор, брендирани Витаминка подароци и, секако, сладок пакет преполн со омилените вкусови. На сите првачиња, но и на останатите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток на училишната година. … Повеќе