Продолжува караванот на Витаминка, иницијативата за општествени вредности што го ангажира вниманието на јавноста и родителите, ширум државата. Караванот е посветен на едукација на децата за суштински вредности како емпатија, другарство, почит, разбирање и прифаќање на различностите. Децата се едуцираат преку музички претстави, игра и песна и им се пренесуваат сознанија клучни во создавањето на зрели личности а кои е потребно да се всадат од мала возраст.
Досега се посетени 10 предучилишни установи во Скопје, каде што се одржаа над 30 музички и едукативни претстави и вклучија околу 3000 деца. Заради квалитетните содржини и начинот на кој ги претставува пред децата, се повеќе предучилишни установи бараат караванот да ги посети и да ја изведе претставата за животните вредности.
Проектот е инициран од Витаминка, која како општествено одговорна компанија ја препозна важноста на едукацијата од најмала возраст и потребата од создавање позитивно влијание врз децата и заедницата, што е и целта на проектот.
Содржините се создадени од продукциската куќа Триангл во соработка со тим од експерти, вклучувајќи педагози, психолози и едукатори, кои се погрижија активностите да бидат внимателно изработени и прилагодени за возраста на децата.
Планирано е караванот да посети вкупно 80 установи низ целата држава, вклучувајќи градски, но и рурални средини, за да обезбеди секое дете да има можност да биде дел од ова уникатно искуство.