Успешно завршена тридневна обука за сензорна анализа на храна во Витаминка!

Завршена тридневна обука за сензорна анализа на храна!
Имавме задоволство во текот на три интензивни и инспиративни дена да учиме од експерти од Научниот институт за прехранбени технологии од Нови Сад, Србија.

Преку интерактивни работилници, практични примери и размена на искуства, заедно ги унапредивме вештините што се клучни за препознавање, оценување и подобрување на сензорниот квалитет на прехранбените производи.
Оваа обука претставува значаен чекор кон зајакнување на професионалните вештини и примена на научен пристап во секојдневната пракса на прехранбената индустрија.

Соработката и стручната надградба продолжуваат, со цел постигнување уште поефикасно и поквалитетно дејствување во областа на сензорната анализа во рамки на Витаминка.
Голема благодарност до предавачите за нивната посветеност, а на сите учесници за активното учество и одличната енергија!

Галерија - Успешно завршена тридневна обука за сензорна анализа на храна во Витаминка!