РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА „ВИТАМИНКА“ А.Д. ПРИЛЕП

Од 12 до 14 септември 2025 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа 7. Регионална средба на „Витаминка“ А.Д. Прилеп. Овој традиционален настан повторно ги обедини нашите бизнис партнери и соработници од Балканот, овозможувајќи размена на идеи, споделување на искуство и дискусија за актуелните случувања и идните деловни планови.

Во текот на тридневниот настан, преку формална, работна сесија и неформални дружења, дополнително ги зацврстивме професионалните врски и ја потврдивме нашата заедничка определба за стабилен раст и развој. Посебен фокус беше ставен на нашите брендови кои се нашето најголемо богатство, како и амбицијата за нивно уште поголемо присуство во регионот и пошироко.

Овие средби се основа за градење меѓусебна доверба, заеднички успеси, стабилност и напредок. Енергијата што ја понесовме од Сараево е поттик за уште посилна и поуспешна „Витаминка“ во периодот што следи!

РЕГИОНАЛНА СРЕДБА НА „ВИТАМИНКА“ А.Д. ПРИЛЕП