Витаминка тимот дел од Скопски маратон 2025

Овој викенд, улиците на Скопје пулсираа во ритамот на најголемиот спортски настан во земјава – Виз Ер Скопскиот маратон 2025, а меѓу илјадниците учесници со гордост трчаше и нашиот тим од Витаминка.
Со многу енергија, насмевки и тимски дух, нашите колеги ја совладаа патеката од 5 километри, покажувајќи дека упорноста, посветеноста и поддршката се клучот за секоја победа – и на работа и надвор од неа.

За нас, ова не беше само спортски предизвик – туку и можност да ја промовираме важноста на активниот начин на живот, здравите навики и тимската енергија што секојдневно ја негува нашата компанија.
Голема благодарност до сите учесници кои со својата позитивна енергија ја претставија Витаминка на најдобар можен начин.

Горди сме на вас и на секој ваш чекор!

 

Маратон